Спорт
Назаров ги прекрши правилата и го гушна возачот кој им го спаси животот
Иако на фудбалерите во германските две лиги им се советува да не ги прославуваат головите со гушкање за време на мечевите, азербејџанскиот фудбалер на второлигашот Ерцгебирге Ауе вели дека морал да го прекрши правилото за да го гушне човекот кој му го спасил животот, возачот на тимскиот автобус, Тоамс Ромејке.
Назаров постигна гол со глава за 1:1 реми на Ауе со Нирнберг, по што веднаш истрча кон аут линијата ги пронајде возачот Ромејке и подоцна откри дека возачот ги спасил со брза реакција откако автобусот бил погоден од делови од автомобил од сообраќајна несреќа пред нив.
„Тој ни ги спаси животите, толку е едноставно. Да не реагираше така, кој знае каде ќе завршевме“, изјави Назаров, кој посочи дека се надева дека нема да биде казнет и дека германската лига ќе има разбирање за околностите.
Автобусот во сообраќајната несреќа бил оштетен, а двајца возачи во автомобилот добиле сериозни повреди. Тимот го продолжил патот до натпреварот во други возила. Ауе се на шестото место во втората лига, додека Нирнберг се само 15.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул на „мускули“ победи кај последнопласираниот Саутемптон
Ливерпул ја зголеми предноста на челната позиција на табелата во англиската Премиер лигата, откако на „мукскули“ го победи последно пласираниот Саутемптон. Во 12. коло, на „Сент Мери“ Ливерпул победи со 3.2. Со овој триумф, 10. во сезоната, Ливерпул ја зголеми предноста на табелата во односн на Манчестер сити на осум бода, а девет чекори зад „црвените“ се Челси, Арсенал и Брајтон.
Исклучитено интересен натпревар со два пресврти одиграа Саутемптон и Ливерпул. На крајот пресудија аматерските грешки на домашните фудбалери. Голманот Мкарти му подри гол на Салах за 2:2 во 65.минута, а во 83. минута Јапонецот Сугивара го честеше Ливерпул со пенал од кој Салах го постави конечниот резултат.
Претходно Собослај во 30.минута им донесе предност ан „црвените“, а изедначи Амстронг во 42.минута откако промаши пенал. Предноста на Саутмептон му донесе Фернандес во 56.минута.
Спорт
Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот
Во Реал Мадрид се уште не можат да се помират со фактот дека Винисиус Жуниор не ја освои Златната топка.Првиот човек на клубот, Флорентино Перез во својот говор на Генералното собрание на Реал, говореше и на оваа тема.
На неодамнешното доделување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, лауреат стана фудбалерот на Манчестер сити Родри. Фактото дека Винисисус не ја доби Златната топка не му се допадна на Реал Мадрид. Перез и забрани на делгацијата да отпатува во Париз.
Потоа стигнаа пораките за поддршка на Винисиус од клубот, соиграчи од Реал, а сега стигна јавно дојде и поддршката од претседателот на Реал.
„Винисиус, ти си најдобриот играч на светот. Сакам да знаеш дека навивачите на Реал Мадрид се горди на тебе, за се што требаше да издржиш во нефер времиња и моменти, а сето тоа те направи играчот што си денес“, рече Перез.
Пораката на претседателот на Реал повторно одекна и донесе разни коментари, но дефинитивно е дека тој повторно успеа во намерата, да го сврти вниманието кон Реал Мадрид и Винисиус.
Спорт
Терие во аут до крајот на годината
Напаѓачот на Баер Леверкузен, Мартен Тиери ќе биде надвор од терените до крајот на годината поради скршеница на раката.
Французинот се повреди вчера во убедливиот триумф над Хајденхајм (5:2) во натпреварот од 11. коло на Бундеслигата.
Само неколку минути по влегувањето на теренот, Тиери се здоби со фрактура на раката. .
„Операција не е неопходна и Тиери треба да му биде на располагање на освојувачот на на германската „двојна круна“ на почетокот на новата година“, објави клубот.
Тиери по четири години во Рен летово потпиша за Баер, со клубот потпиша петгодишен договор.
Бранителот на титулата не блеска во германскиот шампионат, а Чаби Алонсо поради повреди не може да смета на уште двајца напаѓачи, Виктор Бонифејс и на Амин Адли.