Контакт

Македонија

Анкета: Најмногу корупција има при вработувањата во општините, јавните претпријатија и установите

Објавено пред

Речиси половина од граѓаните сметаат дека има и има многу корупција на локално ниво. Жителите на Полошкиот регион, етничките Албанци и луѓето на возраст од 30 до 69 години, сметаат дека има многу корупција на општинско ниво, покажа Истражувањето на јавното мислење за перцепцијата на граѓаните за присуството на корупција на локално ниво што ја спроведе НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Рефлектор врз антикорупциските практики на локално ниво“, финансиски поддржан од УСАИД.

dobivaj vesti na viber

Телефонската анкета беше реализирана во јануари годинава, од агенцијата Индаго, на репрезентативен примерок од 1.102 испитаници.

Според граѓаните најмногу корупција има при: вработувањата во општините, јавните претпријатија и установите (66%), назначувањето директори на јавните претпријатија и други институции (66%), издавањето градежни дозволи (62%), спроведувањето инспекциски надзор (61%), подготовката на деталните урбанистички планови (59%), спроведувањето јавни набавки (59%), доделувањето субвенции (59%) и наплатата на даноците (56%).

Во однос на тоа која позиција/ функција е најподложна на корупција речиси третина од испитаниците гo посочиле одговорот кој не беше во листата на понудени одговори – „сите подеднакво“ (32,6%). Потоа следат инспекторите со 17,5%, градоначалниците со 10,4%, службениците со 10,1% и директорите со 8%.

Речиси третина од граѓаните сметаат дека степенот на корупција е ист со оној во 2017 година, додека 26% сметаат дека има помалку корупција, а 25% сметаат дека има повеќе корупција на локално ниво.

Тринаесет проценти (13%) од испитаниците изјавиле дека тие лично или нивен близок се соочил со корупција во односите со локалната власт, а од нив само 15% пријавиле корупција.

Од аспект на регионалната застапеност, речиси четвртина од испитаниците од Источниот регион изјавиле дека се соочиле со корупција, додека истото го тврдат само 6% од испитаниците во Североисточниот регион. Што се однесува до возраста, граѓани кои најмногу се соочиле со корупција се оние на возраст од 30 до 49 години односно работно најактивниот дел од населението.

Покрај перцепцијата на граѓаните дека на локално ниво има корупција, загрижувачки е податокот дека дури 66% сметаат дека пријавувањето корупција може да му предизвика проблеми на оној кој пријавил коруптивно однесување, а речиси 60% сметаат дека пријавувањето корупција е однапред изгубена битка бидејќи надлежните институции не се ефикасни во спречувањето и санкционирањето на корупцијата.

На прашањето каде би пријавиле корупција, речиси четвртина од испитаниците (22%) воопшто не би пријавиле корупција, 33% проценти би пријавиле во полиција, 18% во медиумите, 17% во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), 8% кај Омбудсманот, 7% во обвинителство и 4% кај некоја граѓанска организација.

Од аспект на транспарентноста и отчетоста на општините, мнозинството од испитаниците не се чувствуваат вклучени во планирањето на општинските пари и не се доволно информирани за тоа како се трошат општинските средства.

Во однос на работата на градоначалниците, 38% од граѓаните сметаат дека градоначалникот во нивната општина одлично си ја врши својата работа, а 37% му даваат негативна оценка.

Највисока оценка на своите градоначалници им дале жителите на Вардарскиот, Североисточниот и Југоисточниот регион, додека помалку задоволни се жителите на Скопскиот, Пелагонискиот и Полошкиот регион. Жителите на руралните средини се позадоволни од градоначалниците за разлика од оние во градовите.

Кога станува забор за општинската администрација, речиси 40% не се задоволни од нејзината работа, а најмалку задоволни се жителите на Полошкиот регион. Висок процент од испитаниците (37%) сметаат дека работите во нивната општина се одвиваат во лоша насока, наспроти 29% неопределени и 31% кои сметаат дека работите се одвиваат добро.

Резултатите од анкетата покажуваат дека голем број граѓани во земјава сметаат дека корупцијата е присутна на локално ниво, но уште поголем процент сметаат дека пријавувањето корупција е однапред изгубена битка. Перцепцијата на граѓаните е дека институциите не се ефикасни во спречувањето и санкционирањето на корупцијата, но и дека пријавувањето корупција може да му предизвика проблеми на оној кој пријавил коруптивно однесување.

Корупцијата во општините, според граѓаните, најзастапена е при вработувањата, назначувањата директори, издавањето градежни дозволи, инспекцискиот надзор, подготовката на деталните урбанистички планови, јавните набавки, субвенциите. Граѓаните се изјасниле дека сите функции и позиции на локално ниво се подеднакво подложни на корупција, но потоа ги издвоиле локалните инспектори, градоначалниците, општинските службеници и директорите на јавните институции, претпријатија и установи на локално ниво.

Висок процент од граѓаните не се задоволни од насоката во која се движат работите во нивните општини, како и од работата на општинската администрација. Граѓаните, исто така, не се многу задоволни од транспарентноста и отчетноста на општините односно сметаат дека општинските буџети не се трошат за задоволување на нивните потреби, дека не се доволно вклучени во планирањето на буџетите, но и дека не се доволно информирани за тоа како се трошат општинските пари.

Македонија

Лимани: 2026 година ќе биде година на уште посилен ангажман за задржување на младите во земјата, за поддршка на семејствата

Објавено пред

Годината 2025 беше година на предизвици, но и на конкретни резултати. Заедно работевме на зајакнување на социјалната заштита, проширување на услугите во заедницата и поддршка на најранливите граѓани, вклучително и лицата со попреченост.
Во центарот на нашите политики беа децата, преку инвестиции во нови градинки, зајакнување на системот за заштита на децата и промовирање на згрижувачките семејства како најхумана форма на грижа, истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

dobivaj vesti na viber

„Со одговорност и почит, ja унапредивме и грижaта за постарите лица, создавајќи нови услуги, центри за активно стареење и поголема финансиска сигурност за генерациите што ја изградија нашата држава.
Исто така, инвестиравме во младите – во нивниот развој, вработување и активно вклучување, затоа што тие се енергијата и носителите на иднината.
Семејството останува столб на нашето општество, а демографијата – огледало на колективната надеж. Затоа, 2026 година ќе биде година на уште посилен ангажман за задржување на младите во земјата, за поддршка на семејствата и за градење инклузивни политики во образованието, вработувањето, домувањето и социјалната благосостојба – политики што не оставаат никого зад себе и ја враќаат вербата дека иднината може и мора да се гради тука.

Да посакаме повеќе раѓања отколку заминувања, повеќе насмевки отколку несигурност, повеќе доверба отколку сомнеж.
Да изградиме заедно општество што се грижи за најмладите, ги почитува постарите, ги поддржува најслабите и им дава крилја на младите“, кажа Лимани.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДС лаже за политички прогон, судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Кога СДС обвинува за политички прогон од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со криминалот на Филип Андонов Сокол треба да кажат дека судијата кој го осуди е поврзан со судиите и обвинителите кои го замрзнуваа имотот на ВМРО-ДПМНЕ и се изживуваа со наши членови со години додека СДС беше власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Судијата која изрече пресуда за Филип Андонов Сокол е син на Јавната обвинителка, Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Истиот овој судија е поставен од кадарот на Заев, Иван Џолев, со само една година стаж во одделот за организиран криминал во Кривичниот суд.

Додека обвинителка во предметот на Сокол е Валентина Беслимовска истата што го повлече обвинението за Зоран Заев и го амнестираше“.

Од партијата на власт прашуваат, како овие судии и мрежа обвинители се дел од мрежа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓето кои хараа со Заев и Филипче можат да бидат само дел од системот на СДС и никако поинаку“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Следната ќе биде година на темелни реформи, отворање на портите на Европската унија за Македонија, велат од Демократскиот сојуз

Објавено пред

Следната година ќе биде година на темелни реформи, отворање на портите на Европската унија за Македонија и врвни резултати, велат од Демократскиот сојуз.

dobivaj vesti na viber

„Ќе ја афирмираме потребата од темелни реформи во судскиот систем, донесување на закон за борба против организираниот криминал и формирање на независна Агенција против тешките облици на криминал, департизација на институциите, донесување на нов Изборен законик со кој Македонија ќе биде една изборна единица и услови за рамноправен изборен натпревар без трошење на пари од Буџетот, како и имплементација на конкретни програми за заштита на животната средина и дефинирање на минимална пензија.

За младите ќе иницираме тие да одлучуваат за својата иднина за да создаваат и творат овде во нашата татковина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија2 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија4 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија5 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија5 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет6 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет6 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет6 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет6 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија19 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија23 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ23 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија24 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија1 ден

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија1 ден

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет1 ден

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија1 ден

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија1 ден

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...