Спорт
Јамајчанскиот боб-тим тренираше со туркање на „Мини Купер“ (галерија)

Јамајчанскиот боб-тим, кој беше овековечен во славниот холивудски филм „Cool Runnings“ од 1993 година, повторно е на насловните страници во Велика Британија, откако тренираше за зимската олимпијада туркајќи „Мини Купер“ на улиците на Питерборо.
29-годишниот Шанвејн Стивенс и 27-годишниот Нимрој Таргот се во изолација поради корона вирусот од март и мораа да најдат инвентивен начин да останат во форма – го туркаа автомобилот на свршеницата на Шанвејн, Ејми за да остсанат во форма.
„По карантинот моравме да направиме нешто. Затоа го туркаме автомобилот на мојата свршеница нагоре и надолу, а тренираме и во градината. Автомобилот има слична тежина како боб-санката, така што не е толку чудно. Знам дека во филмот немаа вистинска опрема и затоа и ние импровизираме“, вели Стивенс.
Стивенс е дел од боб-четвороседот на Јамајка од 2017 година, и слично како во филмот тие не успеаја да се квалификуваат на Олимпијадата во Пјонгчанг во 2018 за само едно место, иако не го напуштаат сонот и се надеваат дека ќе обезбедат место на Олимпијадата во Кина во 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферстапен се сели во Мерцедес!?

Фото/ EPA-EFE/SHAWN THEW
Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул.
Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.
Ферстапен и Волф наводно постигнале усмен договор. Сепак, медиумите објавуваат дека раководството на Мерцедес сè уште не го одобрило конечниот трансфер.
„Немам што да кажам за тоа. Колку повеќе зборувам, толку повеќе ќе се пишува. Не сакам тоа да се случи. Јас одлучувам за мојата иднина“, ги коментираше шпекулациите Ферстапен.
Иднината на Ферстапен во Ф1 е предмет на многу шпекулации веќе некое време, со оглед на борбата на Ред Бул да биде конкурентен оваа сезона.
Шансите тој да ја одбрани титулата се значително намалени откако испадна во првата кривина на Големата награда на Австрија, по контактот со Кими Антонели од Мерцедес.
По 11 од 24 трки, Холанѓанецот има 61 бод помалку од лидерот во шампионатот, Оскар Пјастри од Мекларен, и 46 зад вториот возач на Мекларен, Ландо Норис.
„Секако дека ќе има подобрување, но не можам да кажам дека ќе биде веднаш. Не можам ни да кажам дали ќе биде успешно. Околу летната пауза, ќе биде појасно што ќе се случи оваа сезона во однос на перформансите. Но, тоа не значи дека размислувам за тоа повеќе оваа година отколку минатата или претходните години. Опуштен сум за сè, само си ја работам работата“, коментираше Холанѓанецот за резултатите.
Ферстапен има договор со Ред Бул до 2028 година, но наводно содржи клаузули поврзани со конкурентноста на тимот, што ја става неговата иднина со австрискиот тим во прашање.
Неговиот трансфер во Мерцедес се предвидува за 2026 година, со оглед на тоа што договорот на Џорџ Расел истекува на крајот од оваа сезона.
Мерцедес сè уште не му понудил продолжување на Британецот, и покрај неговиот одличен почеток на сезоната.
Спорт
Дејвид се договорил со Јувентус

Фото/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Еден од најбараните слободни играчи на пазарот, Џонатан Дејвид, кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Репрезентативецот на Канада е слободен играч откако му заврши договорот со Лил. Интерес за Дејвид во изминатиот период покажаа Арсенал, Ливерпул, Њукасл, Интер и Наполи, но како што тврдат медиумите во Италија тој ќе се пресели во Јувентус.
Според овие извори, Џонатан Давид во текот на претходната ноќ ги договорил сите услови за соработка со Јувентус. Се очекува да пристигне на медицински прегледи и да потпише договор во наредните денови.
Трансферот на Дејвид и намерата на Јувентус да го задржи Рандал Коло Муани, италијанските медиуми го толкуваат како уште еден чекор кон заминувањето на Душан Влаховиќ.
Србинот за кого Јувентус на Фиорентина пред две и пол години и плати 85 милиони евра, влезе во последната година од договорот. Меѓутоа се чини дека Јувентус ќе има проблем да се ослободи од Влаховиќ.
Тој одби да потпише нов договор и да прифати помала плата, но исто така нема намера да го напушти клубот. Влаховиќ оваа сезона треба да заработи 12 милиони евра нето (20 милиони евра бруто), што го прави најплатениот играч на Јувентус.
🚨⚪️⚫️ BREAKING: Jonathan David to Juventus, here we go! Verbal agreement reached overnight on every detail with Canadian striker.
Long term deal agreed and Jonathan David’s set to travel for medical tests, formal steps to follow.
Contracts to be checked and signed soon. pic.twitter.com/5ACbuXI6GN
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 2, 2025
Спорт
Барди замина од Бодрум, се враќа во Шпанија?

Фото/ EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Енис Барди е слбоден играч, откако се раздели со Бодрумспор. Клубот не успеа да избори опстанок во Суперлигата на Турција.
Разделбата со поранешниот играч на Ујпешт, Леванте и Трабзон го потврди клубот на социјалните мрежи.
Капитенот на македонската репрезентацијата сега е во потрага по нов клуб. едиумите не ја исклучуваат можноста 30-годишникот да се врати во Шпанија.
Шпанските медиуми тврдат дека сериозен интерес за Барди покажува Сарагоса, клуб кој повеќе од 15 години се натпреварува во Сегунда. Намерата на Сарагоса е да формираат тим кој ќе избори промоција во Примера.