Спорт
21 година од епскиот пресврт на Манчестер јунајтед (видео)

Секоја година на 25 и 26 мај фудбалскиот свет се потсеќа на двата најлегендарни финални натпревара во Лигата на шампионите. Вечра, се навршија 15 години од неверојатниот пресврт на Ливерпул против Милан во Истанбул, а денес се навршија 21 година од епскиот пресврт на Мначестер јунајтед против Баерн Минхен.
На стадионот „Камп ноу“ во Барселона, Баерн имаше резултат, ја контролира играта и две минути го делеа од европската титула. Баерн водеше од шестата минута со голот на Марио Баслер од слободен удар.
Германските навивачи во 91. минута почнаа да слават кога на сцена стапија џокерите на Алекс Фергусон, Теди Шерингам и Оле Гунар Солскјер.
Во 91. минута по корнерот на Бекам, Гигс упати лош удар кон голот на Кан, меѓутоа на патот до голот топката ја допре Шерингам и го израмни резултатот.
Англичаните, кои беа на работа на бездната, не се задоволија со продолженија, тргнаа во нов напад. Изборија нов корнер. Повторно Бекам нафрли, а по обидот на Шерингам, нога подметна Солкјер, кој на својот тим му ја обезбеди втората титула европски првак во клупската историја.
Финале ЛШ, 26 мај 1999, состави
Манчестер јунајтед: Шмајхел – Ирвин, Стам, Јонсен, Гери Невил – Бломквист (Шерингам), Бат, Бекам, Гигс – Кол (Солскјер), Јорк
Баерн: Кан – Куфур, Матеус (Финк), Линке – Тарнат, Јеремис, Ефенберг, Бабел – Циклер (Шол), Јанкер, Баслер (Салихамиџиќ)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Усик го нокаутира Дубоа, стана апсолутен шампион во тешка категорија

Foto/EPA
Олександар Усик (38) стана апсолутен шампион во тешка категорија по втор пат во својата кариера. Го нокаутираше Даниел Дубоа во петтата рунда и ја забележа 24-та победа во професионалнаат кариера. Како и во првиот меч од 2023 година, Усик го победи Дубоа со нокаут и повторно ги обедини четирите големи титули во боксот.
Олександр Усик го нокаутираше Даниел Дубов во петтата рунда од борбата пред повеќе од 70.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Усик го контролираше ритамот од почетокот на мечот, а клучниот момент дојде во петтата рунда кога два пати го нокаутираше британскиот предизвикувач.
По вториот нокаут, Дубоа не можеше да стане, па судијата ја прекина борбата на 1:52 пред крајот на рундата.
Со оваа победа, 38-годишниот Украинец уште еднаш ја потврди својата доминација во тешка категорија.
USYK STOPS DUBOIS IN 5#UsykVsDubois pic.twitter.com/wKRAhiBghK
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) July 19, 2025
Спорт
Де Брујне ќе ја носи „десетката“ на Марадона

Во Наполи, Кевин де Брујне ќе има чест да го носи „десетката“ на Марадона, која еднаш беше повлечена од употреба.
Белгиецот го коментираше овој потег на клубот, и како што вели не можел да поверува.
„Да ви ја кажам вистината, на почетокот бев малку изненаден, бидејќи бев убеден дека дресот е повлечен, но во секој случај ми е чест да го носам. Клубот навистина ме почести со тој гест, а во исто време ми даде и поголема одговорност“, рече поранешниот играч на Манчестер сити.
По 10 години, Де Брујне го напушти Манчестер сити и се пресели во Наполи, и како што наведува, нема да чувствува поголем притисок поради „десетката“ на грбот.
„Марадона е Марадона, еден од најголемите играчи на сите времиња, легенда на играта, синоним за Наполи. Благодарен сум и горд, но јас сум, јас. Ќе се обидам да ја завршам мојата работа тука најдобро што можам и се надевам дека ќе донесам радост во клубот и тимот, градот и навивачите“.
Спорт
Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Марсеј

Сега е официјално. Искусниот напаѓач од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг ја напушти Саудиска Арабија и тимот на Ал Кадиш по само една година и се врати во Франција.
Обамејанг веќе го носеше дресот на Марсеј во периодот од 2023 до 2024 година. Обамејанг потпиша двегодишен договор со францускиот гигант, тој беше голема желба на спортскиот сектор и тренерот Роберто Де Зерби.
Во својата кариера, Обамејанг го носеше дресот на Милан, Дижон, Лил, Монако, Сент Етјен, Дортмунд, Арсенал…
Foto/ EPA