Свет
Швајцарија денеска одлучува за понатамошни олеснувања на мерките

Швајцарија денеска одлучува за натамошните олабавувања на мерките воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и отворање на ноќните клубови и фудбалските стадиони, пренесуваат швајцарските медиуми.
Според информациите од медиумите, ќе се укине правилото за најмногу четири лица кои заедно може да јадат во ресторан, а владата ќе донесе одлука за укинување на ограничувањето на бројот на луѓето на јавни собири.
Во рамките на мерките што Швајцарија ги воведе во март, досега најмногу петмина можеа да се соберат на јавно место, а сега тоа ќе биде подигнато на 30. На приватни настани ќе може да се соберат и до 300 луѓе.
Владата би требало да го објави попуштањето на мерките по состанокот на владиниот кабинет.
Министерот за здравство, Ален Берсет, сака да им се овозможи на лизгалиштата, кината, зоолошките градини, базените и планинските гондоли да се отворат на 8 јуни.
Други членови на владината коалиција, пак, сакаат побрзо отворање иако тоа не е можно, додаваат медиумите во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.