Контакт

Македонија

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците. Рече дека полицијата професионално одработила во периодот од речиси 70 дена од 22 март кога беа воведени забрани за движење на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Полициските службеници професионално, одговорно и пожртвувано си ја извршија својата задача. Најтешко го доживувам моментот кога одредени колеги од Владата ја злоупотребуваат полицијата за остварување политички цели. Стојам на ставот дека тие треба да ја добијат паричната награда што ја заслужуваат. Ја повикувам Владата да ја усвои уредбата“, рече министерот Чулев.

Тој извести дека изминатиот период вкупно 4.783 лица не ја почитувале одлуката за ограничено движење, 3.110 лица биле приведени. Поднесени се кривични пријави против 3.412 прекршители.

„Покрај намалувањето на рестриктивните мерки, сепак, не треба да заборавиме дека вирусот и натаму е присутен во нашата земја. Апелирам да ги почитуваме мерките и одлуките на Владата за групирање, држење дистанца и носење заштитна опрема. Во наредниот пероиод ќе бидат зајакнати контролите во однос на почитување на одлуките на Владата за дистанца и носење заштитна опрема“, рече министерот Чулев.

Негова генерална оценка е дека граѓаните ги почитувале ограничувањата и ѝ биле сојузници на полицијата, која ги контролира мерките.

„Во неколку наврати потенцирав, а денес уште еднаш ќе истакнам дека граѓаните се одговорни и, генерално, ги почитуваа мерките на Владата. Појавата на коронавирусот го изненади целиот свет, а не беше поштедено ниту МВР. Нашата работа е составена од изненадувања, за жал, најчесто негативни. Во оваа пригода дозволете да констатирам дека МВР успеа бргу да се екипира, организира и да ги стави сите капацитети за заштита на секој поединец. Благодарност до сите вработени во МВР, а особено до униформираните полициски службеници за секој час, секоја минута. Често ги посетував службениците на пунктовите, од очите на полицајците се гледаше патриотизам, гордост, но и несигурност“, рече министерот Чулев.

Македонија

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Објавено пред

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.

dobivaj vesti na viber

На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во „поубав и поевтин хотел“.

Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена

Објавено пред

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Регион42 минути

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет1 час

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа2 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени се офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку седум лица загинаа откако се урна товарен авион во САД

Tоварен авион на компанијата UPS се урна во вторник и експлодираше во огнена топка неколку моменти по полетувањето од меѓународниот...

Македонија2 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет3 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион3 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион3 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ12 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ13 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ13 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ14 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија16 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија18 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија19 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет20 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија20 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија21 час

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија22 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...