Соопштенија
(Видео) Кузеска: Чулев поттикнува ургенции во МВР само за да го одбрани својот лидер

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават сè да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза затоа што се исплашени од изборно соочување, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Како што рече таа, Мицкоски ќе остане запаметен како политичар што се обидува да профитира врз здравјето на граѓаните.
„Мицкоски лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, а истовремено вежбаше во затворени фитнес-центри и во групи се качуваше на Водно. За сето тоа време, на техничкиот министер, Наќе Чулев, поважно му беше да го одбрани својот шеф отколку да обезбеди спроведување на мерките и задолженијата за спречување на пандемијата“, рече портпаролката на СДСМ.
Кузеска нагласи дека последен доказ за незрелото однесување на Мицкоски и неговите кадри во преодната Влада е синоќашната изјава на Чулев дека секој можел да се јавува кај вработени во МВР и да врши притисок за отворени истраги.
„Со таквата изјава Чулев го поткопува интегритетот на вработените во МВР и поттикнува ургенции и притисоци. Ова е уште повеќе опасно ако се има предвид дека Мицкоски не е кој било, туку предводник на политичка партија“, рече таа и додаде дека по којзнае кој пат се потврдува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, најважни се личните агенди и теснопартиските интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
„Ревизија на сите тендери во Аеродром“, најавуваат од партијата Левица

„750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол“, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати! Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска!“, велат од Левица – Аеродром.
„Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори!
Левица ќе стави крај на ваквите тендер шеми во Аеродром!
По преземање на општината: Ќе направиме ревизија на сите тендери. Ќе следат кривични пријави за секој надуен и криминален договор кој излегува од рамките на пазарната цена. Доста беше со шминкање на реалноста во Аеродром“, додаваат од Левица – Аеродром.
Соопштенија
Трајановски: Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет, се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.
„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија. Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.
Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.
„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.
Тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
Соопштенија
Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.
Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за да има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.
„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.
Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.
„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.
Повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што рече, советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.