Топ
АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради смртта на 15-годишното момче кое лани се удави во Пчиња. Според информаците на МВР, детето при капење пропаднало во реката во длабнатина направена при ископ на речен песок и чакал, а местото ниту било обележано ниту било обезбедено, иако компанијата била должна да го направи тоа.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.М.(54) од Скопје и АД „Водостопанство“ поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“.
Првопријавениот, како раководител на сектор за речен слив и речни корита во АД „Водостопанство“ и АД „Водостопанство“, по добивање на дозвола за вадење песок, чакал и камен од река Пчиња, на делница Шупли Камен, заради уредување на режимот на водите, на 31.01.2018 склучиле договор со фирма од Скопје за продажба на истиот материјал затоа што немале можност за складирање на материјалот.
„Притоа, тие не презеле превентивни безбедносни мерки, односно не биле поставени табли со известување за изведување на активности за црпење на речен материјал, немало поставено заштитни ленти, ниту пак табли за предупредување. По барање од ОЈО бил извршен увид на наведената парцела и од Државен инспекторат за животна средина бил изготвен записник од извршен инспекциски надзор од 01.10.2019, каде биле констатирани и други нерегуларности кои ги навеле во записникот“, соопштија од МВР.
Со ваквото однесување на пријавените, се додава во соопштението, на 18 август минатата година, во село Шупли Камен, во близина на сепарација на река Пчиња Шупли се случил немил настан – давење на малолетното лице од село Љубодраг, кумановско, односно лицето при капење на необележаното и необезбеденото место пропаднало во река Пчиња во длабнатина направена при ископ на речен песок и чакал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.
Македонија
Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со која се изрекува времена забрана за најавениот штрајк, што требаше да се одржи в понеделник. Од синдикатот најавуваат дека ќе ја обжалат одлуката пред Апелациониот суд и ќе поднесат претставка до Републичкиот судски совет против судијката што го водела предметот.
Претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски, изјави дека штрајкот ќе биде ставен во мирување, но дека синдикатот нема да се откаже од своите барања, кои се дел од Спогодбата потпишана по завршената постапка за помирување во 2023 година.
Од Синдикатот тврдат дека не биле известени за тужбеното барање и не добиле можност за одбрана, обвинувајќи дека судската одлука е донесена спротивно на закон, без закажано рочиште и без утврден рок на важност. Тие сметаат дека решението се темели на неточни податоци и дека барањето на М-НАВ било погрешно третирано како временa мерка.
Дополнително, синдикатот укажува дека од 18 нововработени во М-НАВ под актуелното раководство, реална потреба имало само за петмина, додека вработените во контролата на летање работат во, како што велат, катастрофални услови – без тоалети, вода и ефикасен систем за греење и ладење во контролната кула.