Свет
(Видео) Екипа на Си-ен-ен уапсена во пренос во живо на протест во Минеаполис

Припадници на државната полиција во Минесота ги уапсиле новинарот на Си-ен-ен, Омар Хименез, и двајца членови на екипата за време на преносот во живо од протестите во Минеаполис, кои беа предизвикани по смртта на Џорџ Флојд, пренесува РТ.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека Хименез се идентификува себеси како новинар и им вели на полицајците: „Можеме да се преместиме таму каде што сакате. Во моментот емитуваме во живо“.
Хименез постојано сигнализира дека тој и неговата екипа ќе се оддалечат од областа и ќе одат каде што сака полицијата. Потоа тој го продолжува својот извештај додека двајца полицајци го држат за рацете и му велат дека е уапсен.
„Ќе сакате ли да ми кажете зошто сум уапсен, господине?“, прашува Хименез во видеото. Друг член на тимот потоа повторува: „Ви кажавме претходно дека сме од Си-ен-ен“.
Ситуацијата потоа станува поинтензивна бидејќи полицајци продолжуваат со апсење на продуцентот Бил Киркос и снимателот на Си-ен-ен, Леонел Мендез.
„Тука сме зашто си ја работиме работата како и вие“, може да се слушне еден од мажите како ѝ вели на полицијата.
„Нашата камера е на терен затоа што нашиот снимател сега е уапсен“, им објаснува еден од водителите во студиото на гледачите што гледаат како се одвива надреалната сцена.
Minnesota police arrest CNN reporter and camera crew as they report from protests in Minneapolis https://t.co/oZdqBti776 pic.twitter.com/3QbeTjD5ed
— CNN (@CNN) May 29, 2020
„Никогаш не сум видел вакво нешто“, додава друг водител додека припадник на полициските сили ја носи камерата настрана, очигледно несвесен дека сè уште снима.
Си-ен-ен ги нарече апсењата јасно кршење на нивните права според Првиот амандман и ги повика властите веднаш да ги ослободи тројцата нивни вработени.
Претседателот на Си-ен-ен, Џеф Цукер, разговарал со гувернерот на Минесота, Тим Волц, за апсењата. Цукер рече дека Волц се извинил, ја презел целата одговорност за тоа што се случило и дека работи на тоа да се ослободи екипата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Свет
Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД

Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“ повикувајќи на обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни.
Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.