Вести
Обама: Рамади е тактички неуспех, но не губиме во војната со IS

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека падот на ирачкиот град Рамади во рацете на сунитската џихадистичка група Исламска држава (IS), претставува „тактички неуспех, и потсети на своите зборови дека борбата против екстремните исламисти ќе „трае со години“.
„Несомнено е дека во сунитските области ќе мораме да ја зајакнеме не само обуката, туку и решителноста, а мораме да ги активираме и сунитските племиња повеќе отколку досега“, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервјуто коешто во вторникот го дал за списанието Atlantic, а го пренесува во четвртокот Reuters.
Ви Ирак околу 33 отсто се сунити, кои ја водеа земјата во времето на диктаторот Садам Хусеин, чии офицери ги организираат сунитските бунтови по неговото соборување и ликвидација, користејќи го чувството на потиснатост откако мнозинските шиити (66 отсто), доминираат во државните институции.
На САД не им се заканува пораз од исламистите, тврди Обама. „Не, не мислам дека губиме“, одговара американскиот претседател на новинарско прашање.
„Станува збор за тактички пораз, тоа не може да се негира, иако Рамади веќе е долго ранлив“, вели Обама, Исламската држава во неделата го освои Рамади, кој е главен град на покраината Анбар.
Обама ова интервју го даде во вторникот, кога Исламската држава го зазема и древниот сириски град Палмира, што претставува втора важна победа на џихадистите кои го шират своето влијание од двете страни на ирачко-сириската граница на коишто летото 2014 година прогласија свој калифат.
Сепак американскиот претседател смета дека Исламската држава слабее, „Исламската држава значително ослабела ширум земјата вели Обама и додава дека има „напредок на северот и во областите (во Ирак) каде што учествуваат (курдските борци) пешмергите. Тие не напредуваат во деловите кои доминираат шиитите“, додава.
Обама најави продолжување на помошта на ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади. „Мислам дека премиерот Абади искрено сака ирачка држава сои сите и нашата војска ќе продолжи на ирачките безбедносни сили да им дава секаква помош. Ќе пружиме и дипломатска и економска помош за земјата да се стабилизира“, рече претседателот на САД.
Во средата Обама се сретна со своите советници за национална безбедност кои го информираа за ситуацијата во Ирак и за стратегијата во борбата против Исламската држава.
На средбата Обама „повтори дека САД силно го поддржува ирачкиот премиер ал-Абади“, се вели во соопштението што го објави Белата куќа по средбата, пренесе AFP. Беше истакнато дека на состанокот учествувале 25 советници, меѓу другите и потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар Џон Кери, министерот за одбрана Еш Картер, и генералот Лојд Остин од главниот штаб на американската армија.
САД се загрижени поради опасноста од секташко насилство во Рамади, во кој сунитите се мнозинство, бидејќи неопходно е да се употребат шиитските милиции во обидот градот да биде преземен од Исламската држава. Белата куќа објави дека Обама ја поздравил одлуката на ирачкиот совет на министри да се забрза обуката и опремата на локалните сунитски племиња во координација со властите покраината Анбар./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.