Црна хроника
Тешко повреден млад битолчанец

На магистралниот пат Ресен-Битола, на 800 метри од крстосницата кај село Кажани се случи тешка сообраќајна незгода во која едно лице е тешко повредено.
Несреќата во која е повреден 21-годишен битолчанец кој управувал `Рено Меган` без возачка дозвола, се случила во 3.40 часот, јави битолската телевизија „Тера“.
„Најверојатно заради неприлагодена брзина на движењето на возилото кон условите и состојбата на патот, во моментот кога требало да ја совлада кривината в лево во насока на движењето на возилото, изгубило контрола врз движењето на возилото кое излетало на левата страна надвор од коловозот, се превртило неколку пати и застанало на горниот дел од нагибот покрај патот“, изјави Ѓоко Стрезовски портпарол на СВР Битола.
При излетувањето, 21 годишниот битолчанец испаднал од возилото.
„Притоа се здобил со тешки телесни повреди фрактура на черепот, контузија на мозокот и фрактура на десната надколеница, заради што со возило на брзата помош е пренесен во битолската болница, каде се констатирани повреди опасни по животот“, додаде Стрезовски.
Тој е задржан на лекување на одделението за интензивна нега./крај/тера/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.