Македонија
СДСМ: Мицкоски е опасен за здравјето на граѓаните
Мицкоски е незрел и неодговорен, тој е опасен за здравјето на граѓаните, изборите се решение за однесувањето на неговите кадри во преодната влада, реагира СДСМ по прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Додека институциите се бореа со вирусот тој неодоговрно тераше политиканство, ширеше паника и лажни вести. Мицкоски лажеше дека нема доволно тестови, ширеше лажни вести дека 140 илјади граѓани останале без работа, додека негови слики од теретани и прошетки на Водно се ширеа по социјалните мрежи. Јасно му е и на Мицкоски дека граѓаните жестоко ќе го казнат неговото незрело однесување во време на сериозна здравствена криза“, велат од СДСМ.
Според владејачката партија, Мицкоски не сака избори, бидејќи ќе изгуби. Од СДСМ велат дека идеите за избори среде лето или на есен се небулозни и опасни.
„Избори среде лето ќе го загрозат гласачкото право на граѓаните, односно ќе предизвикаат кофликт на правото на глас со правото на одмор. Ние не смееме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови. Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето“, велат од СДСМ.
Избори на есен, пак, како што велат од СДСМ, се опасна идеја по здравството и економијата.
„Државата не смее да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.