Македонија
Во ладилник кај Миравци пронајдени над 100 мигранти, приведен е жител на Косово
Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар).
Полициските службеници го привеле И.П.(30) од Косово кој го управувал возилото.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од општина Карпош денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.
· во пеиодот од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во село Горно Нерези во општина Карпош.
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата Ринхини и улицата Езерци – населба Влае во општина Карпош.
Македонија
Силјановска-Давкова: Грозоморен напад врз словачкиот премиер, се молиме за негово здравје
Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше на веста за атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Бев длабоко шокирана кога ја слушнав веста за грозоморниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Се молиме за негово здравје и брзо закрепнување! Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка“, напиша Силјановска Давкова.
I was deeply shocked to hear the news of the heinous attack against the Slovak Prime Minister Robert Fico. We pray for his health and swift recovery! Our thoughts are with his family and the people of Slovakia.
— Гордана Силјановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) May 15, 2024
Словачкиот премиер Роберт Фицо е затрелан по владин состанок, околу 150 километри североисточно од Братислава.
Обидот за атентат се случил кога Фицо отишол меѓу насобраните луѓе.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со два до три куршуми во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.
Напаѓачот е уапсен на самото место.
Словачките медиуми јавуваат дека состојбата му е многу тешка и ќе биде опериран.
Македонија
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка.
– Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски. Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте, стои во објавата на Министерството за правда.
Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција.
Палевски со возила без полициски ознаки пристигна во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.