Македонија
Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата на оваа земја. Одлуката се должи на зголемувањето на случаите на коронавирус во Македонија.
„Со епидемиолошка процена и анализа на заболувањето утврдено е дека стапката на активни случаи од 25 на 100.000 жители укажува на ниво на локална трансмисија, што претставува прифатлив ризик за непречено движење и престој на граѓаните од тие држави во Црна Гора“, се наведува од Институтот за јавно здравство во Подгорица.
Медиумите во Подгорица пренесуваат дека Македонија не е повеќе на оваа листа, бидејќи споменатата стапка од 25 заболени на 100.000 жители е порасната, особено по бројот потврдени случаи во неделата.
Ова значи дека секој македонски државјанин кој ќе сака да влезе во Црна Гора ќе оди во задолжителна 14-дневна изолација.
Претходно и Хрватска не дозволи влез за македонски државјани, а истото го најавуваат и некои други земји кои ќе прават „црни листи“ за странските државјани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.