Спорт
Џејмс уште три години во ЦСКА

Мајк Џејмс најефикасниот кошаркар на ЦСКА Москва го продолжил договорот со клубот. Американецот во Москва ќе остане и во наредните три сезони.
„Среќен сум што ќе останам во ЦСКА и што ќе го продолжиме ова убаво пријателство на уште три години. Се надевам дека наредниот период ќе биде обележен со трофеи“, рекол Џејмс.
29 годишниот кошаркар во Евролигата оваа сезона имал просек од 21,1 поени и 4,3 асистенции по натпревар.
Џејмс според Индексот на успешност (21,07) е трет во Евролигата, пред него се Алексеј Шведи (21,42) и Шејн Ларкин (22,20).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерул во наредната сезона ќе влезе со нов технички спонзор

Лидерот на табелата во Премиер лигата и веројатно новиот англиски шампион, Ливерпул ја прекина соработката со компанијата „Најки“. По 13 години гермскиот гигант „Адидас“ се враќа на „Енфилд“.
Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но локалните медиуми успеаја да „ископаат“ дел од договорот.
Ливерпул на социјалните мрежи објави дека потпишал долгорочен договор со спортскиот бренд „Адидас“ кој ќе стане официјален партнер на клубот. Ова ќе биде трет пат во историјата, „црвените“ да соработуваат со компанија од Херцогенаурах.
Медиумите тврдат дека се работи за петгодишен договор вреден околу 70 милиони евра годишно.
„Ливерпул и Адидас договорија ново повеќегодишно партнерство, со кое спортскиот гигант повторно ќе стане официјален партнер на клубот. Од 1 август 2025 година, нашиот клуб ќе ги носи легендарните три риги, трет пат во историјата“, објави „Енфилд“.
Адидас со опрема ќе ги снабдува сите машки, женски и младински секции на Ливерпул, како и персоналот на клубот.
Англискиот гигант и германскиот производител на спортска опрема претходно соработуваа во два периода, од 1985 до 1996 година, а потоа и од 2006 до 2012 година.
Спорт
Тер Штеген ги нападна државните медиуми: Вие сте лажговци

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е во центарот на вниманието на медиумите во Шпанија, но овојпат причината не се неговите голмански квалитети.
Германскиот интернационалец остро реагираше на социјалните мрежи на шпекулациите дека разводот е резултат на неверството на неговата сопруга Даниела.
„Почитувани,
Шокиран сум и разочаран од лошото водење и недостатокот на контрола во „Catalunya Ràdio&Grupo 3Cat“, кои шират лажни вести и ги кршат личните права. Новинарите Џулијана Кејн, Роџер Карандел и Марта Монтанер се лажговци кои објавија лажни вести, јавно навредувајќи ја мојата сопруга Даниела и сериозно нарушувајќи ја нејзината репутација.
Немаше неверство од страна на Даниела. Нема трета страна. Тоа е факт. Како што најавивме, Данијела и јас решивме да тргнеме секој по свој пат, одржувајќи комуникација заснована на доверба. Целосно е неприфатливо државните медиуми да го објавуваат ова, лажно да ја обвинуваат Даниела и лично да ја напаѓаат. Штетата е непоправлива“, наведе Тер Штеген.
Спорт
Ф1 стартува во Мелбурн, ќе заврши во Абу Даби

Се ближи почетокот на новата сезона во Формула 1, првата трка е в недела во Австралија. Титулата ја брани Макс Ферстапен кај возачите, односно Мекларен во конуренција на конструктори.
Календарот на Формула 1 за 2025 година содржи 24 трки, а последната трка во Абу Даби на 7. декември.
Поради муслиманскиот празник Рамазан, трките во Бахреин и Саудиска Арабија ќе се одржи во април.
Формула 1 календар за 2025 година:
14 – 16 март Австралија, Мелбурн
21 – 23 март Кина, Шангај
4 – 6 април Јапонија, Сузука
11 – 13 април Бахреин, Шахир
18 – 20 април Саудиска Арабија, Џеда
2 – 4 мај САД, Мајами.
16 – 18 мај, Имола,
23 – 25 мај, Монако
30 мај – 1 муни Барселона
13-15 јуни Канада, Монтреал
27-29 јуни Австрија, Спилберг
4-6 јули Велика Британија, Силверстон
25-27 јули Белгија, Спа
1-3 август Унгарија, Будимпешта
29-31 август Холандија, Зандворт
5 – 7 септември, Монца
19 – 21 септември Азербејџан, Баку
3 – 5 октомври Сингапур
17 – 19 октомври САД, Остин
24 – 26 октомври Мексико, Мексико Сити
7 – 9 ноември Бразил, Сао Паоло
20 – 22 ноември САД, Лас Вегас
28 – 30 ноември Катар, Лусаил,
5 – 7 декември – Абу Даби.