Македонија
СДСМ: Состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита
Состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, соопштија од СДСМ, откако нивни членови објавија дека се позитивни на коронавирус или дека се во самоизолација.
„Во однос на активни случаи со коронавирусот, СДСМ ја информира јавноста дека по извршените тестирања потпретседателот Мухамед Зеќири и членката на ЦО, Сања Лукаревска имаат позитивен тест на Ковид-19. Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец“, соопштија од партијата.
По напрaвените тестирања, од СДСМ велат дека Царовска и Манчевски имаат негативни резултати, но остануваат во самоизолација согласно препораките.
„СДСМ од почеток на пандемијата на дело покажува што е одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец. Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна и последователна лична дезинфекција. Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама“, велат од СДСМ.
Од партијата апелираат сите граѓани без исклучок да ги почитуваат мерките и задолженијата за спречување на ширење на заразата. Само на тој начин, велат од СДСМ, ќе го заштитиме личното, но и јавното здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

