Македонија
Независниот академски синдикат: Јанкуловски распиша избори за Сенатот спротивно на Статутот на УКИМ
Независниот академски синдикат го обвини ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, дека распишал избори за Сенатот во спротивност со Статутот на УКИМ и уредбата на Владата и поднесе претставка до Државен просветен инспекторат.
„Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, повторно прави обид за манипулација на изборен процес и го прекршува Статутот на УКИМ. Овој пат, се работи за избор на новите членови на Сенатот на УКИМ – највисокиот орган на одлучување на Универзитетот. Поради ова, НАкС денеска достави претставка до Државниот просветен инспекторат, од кој очекуваме брза реакција“, се наведува во соопштението.
Од НАкС велат дека на 22 мај,ж е испратен допис до единиците на универзитетот со насоки да се изберат нови сенатори, најдоцна до 8 јуни. Со ова, додаваат од таму, е прекршен членот 155 од Статутот на УКИМ во кој е децидно наведено дека постапката за избор на сенатори треба да почне најмалку 60 дена пред истекот на мандатот на постојниот состав.
„Она што особено загрижува е фактот што на некои единици на УКИМ професорите и студентите, од страна на нивните декани и директори, сè уште не се ни известени дека треба да изберат нови сенатори во овој краток рок. Сосема е веројатно дека тоа се истите оние декани и директори кои немаа проблем да гласаат за оглас за избор на ректор во кој рокот за пријавување на кандидатите е само пет дена и кои не гледаат проблем во тоа да тече постапка за избор на ректор во вонредна состојба, кога не постојат основни услови за коректен и фер натпревар меѓу потенцијалните кандидати за ректор“, велат од Синдикатот.
Според НАкС, со отпочнувањето на постапката минатата недела и наложувајќи им на единиците да изберат сенатори најдоцна до 8 јуни, покрај тоа што го прекршува Статутот на УКИМ, ректорот Јанкуловски им го ускратува правото на кандидатите за сенатори да се претстават пред своите колеги, а на професорите и на студентите можноста во разумен рок да одлучат кои се нивните колеги што во идниот состав на Сенатот ќе работат во најдобар интерес на единицата, но и на целиот универзитет.
„Но, можеби целта и на оваа скратена постапка за избор на сенатори е сосема спротивната, односно ректорот Јанкуловски набрзина да си ја избере и својата идна гласачка машина. Имено, со оглед на фактот што ректорот Јанкуловски сметаше дека може да се почне постапка за спроведување избори за ректор во вонредна состојба и истата ја почна на крајот на март, нема никакво друго логично образложение зошто постапката за избор на сенатори не е почната најдоцна на 27 април, односно 60 дена пред истекот на мандатот на постојниот Сенат согласно Статутот на УКИМ. Дотолку повеќе што согласно Уредбата на Владата се продолжува мандатот на телата и органите на универзитетите за кои не е извршен избор за времетрање на вонредната состојба, а постапката за избор на нов состав треба да почне по завршувањето на вонредната состојба. Оваа уредба е донесена со цел да се заштити здравјето на академската заедница, но и да се задржат основните начела кои обезбедуваат разумни услови и рокови за избор на членовите на органите и телата на универзитетите“, пишува во соопштението.
Од НАкС го повикуваат Јанкуловски веднаш да ја поништи постапката за избор на сенатори и да поведе нова постапка, почитувајќи го минималниот рок од 60 дена за одржување на изборите, а до тогаш, согласно Уредбата на Владата, мандатот на Сенатот може да биде продолжен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

