Македонија
Општина Кисела Вода објави повик за набавка на камионче со прскалка за чистење под висок притисок и комбе за превоз на патници
Општина Кисела Вода објави повик за набавка на камионче со прскалка за чистење под висок притисок и комбе за превоз на патници. За таа цел, Општината ги повикува соодветните и квалификувани понудувачи за набавка на добра да ги достават своите запечатени понуди. Заинтересираните понудувачи бесплатно ќе ја добијат комплетната тендерска документација по поднесувањето на писмена апликација на електронската адреса , а дополнителни информации можат да добијат на телефонскиот број ++ 389/02 2785-417.
Електронско доставување понуди не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.
Запечатените понуди потребно е да се доставуваат до Секторот за јавни набавки на адресата на Општина Кисела Вода, на ул. Петар Делјан бр. 17, 1000 Скопје.
Понудите мора да се достават до 15.6.2020 година до 13:00 часот.
Овој повик за поднесување понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 6 јануари 2010 година.
Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за купување како што е специфицирано во упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD-заеми и IDA-кредити од јануари 2011 година метод купување, и е отворено за сите понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
Неодамна, во насока на подобрување на условите за живот во општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски потпиша два гранта со Светска банка и Министерството за финансии, со кои ќе се реализира проект за рехабилитација на улица „1“ во село Усје и ќе се изврши набавка на камиончето со прскалка за чистење на улици, како и на комбето/минибусот за превоз на ученици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

