Црна хроника
Ловџија го застрелал пријателот проверувајќи ја пушката
Вработен во ловното друштво „Славеј“ го застрелал својот пријател, ловочувар во друштото, проверувајќи ја ловната пушка во дворот од својата куќа.
Инцидентот се случил во саботата во 19 часот во охридското село Врбјани. Ловџијата проверувајќи ја пушката испукал неколку куршуми кон педесет и тригодишниот ловочувар и го повредил во двете подколеници.
Повредениот е префрлен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош, каде што му се констатирани телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
19-годишник од Радовиш не застанал на знак за запирање, па со автомобилот удрил во работна машина: во неговото возило пронајдени мигранти
Вчера околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 19-годишниот Е.Ф. од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија.
Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина.
Mигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Инциденти во скопски Аеродром: нападнати сопружници на паркинг, ограбен локал
Три инциденти регистрирала полицијата, во текот на вчерашниот ден, во скопската општина Аеродром.
Според информациите објавени во дневниот билтен, нападнат бил 19-годишник во кафуле од страна на 30-годишен скопјанец.
Физички нападнати биле и сопружници среде бел ден на паркинг.
„Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
Истиот ден имало и грабеж од угостителски објект, кога непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети.
Црна хроника
Дете нападнало врсник со нож во Чаир
Четиринаесетгодишник бил избоден од 15-годишен малолетник синоќа по 20 часот во Чаир.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на повреденото момче.
Нешто пред полноќ, во придружба на родител, малолетникот-напаѓач се самопријавил за стореното дело и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата за случајот.