Црна хроника
Се презентираа истражните мерки во „Ликвидација“, адвокатите тврдат дека се неквалитетни
Обвинетите и адвокатите на обвинетите во процесот „Ликвидација“ без присуство на јавноста ги слушаа аудио и визуелните докази прибавени за овој случај, додека телефонските разговоро ќе бидат презентирани на 30-ти септември, кога и ќе продолжи судењето.
По презентацијата на посебните истражни мерки адвокатот на обвинетиот врховен судија во пензија, Јован Јоанидис изјави дека ПИМ мерките биле неквалитетни и биле незаконски прибавени.
Испитувањето на сведоци во овој процес заврши со исказот на Марјан Ефремов, уште еден сведок, брат на обвинетиот обвинител Ивица Ефремов. Во куќата на обвинителот беа пронајдени пиштоли, додека во куќата на неговиот брат беше пронајдено поголемо количество оружје и експлозив. Братот на обвинителот рече дека пиштолите им биле наследство од татко им, поранешен судија, на кого, пак, му биле подарок од Службата за безбедност за којашто работел извесно време. Тој тврдеше дека брат му не знаел дека во куќата има пиштоли.
Обвинителот, пак, Ивица Ефремов изјави дека бил присутен кога заштитениот сведок Бреза давал исказ пред истражен судија. Тој инсистирал на записникот да стои неговиот телефонски број, иако бил загрозен сведок и иако бил предупреден дека го открива својот идентитет. Бројот не бил на име на загрозениот сведок, но на него му ѕвонел Ѓоре од Америка, кој беше обвинет дека го нарачал убиството на старецот од Ореше.
Поранешниот претседател на велешкиот суд, Валентин Зафиров го дополни својот исказ и ги отфрли обвиненијата дека тој ургирал да му се укине притвотот на Зоран Манасков – Скршениот, еден од обвинетите во случајот Франфурт мафија. Тој се правдаше дека се интересирал за Јордан Јорданоски – Р’кулот, односно за предметот за којшто бил обвинет. Во тој период Зафиров од судија планирал да премине да работи како адвокат, но канцеларијата не му била уште отворена. Се распрашувал за предметот во кој е обвинет Р’кулот и планирал да го брани, ако му понудат 20 илјади евра.
Судењето продолжува на 30 септември со презентација на преостанатите ПИМ мерки. Меѓу обвинетите е и новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски кој е обвинет дека пред пет години незаконски го открил идентиетот на заштитетниот сведок во случајот Ореше, односно за убиството на старецот од ова село./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Починат маж пронајден во Охрид, бил пријавен за исчезнат пред четири дена
На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.
По преземени мерки, вчера е утврдено дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид бил пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.
По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.
Црна хроника
МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
Скопјанка на возраст од 82 години била измамена за 170 илјади денари во уште една измама со лажна сообраќајка.
„На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

