Спорт
Георгиевски го засили Вардар

Уште еден ракометен репрезентативец од наредната сезона ќе настапува во Македонија. По Филип Талески договор со Вардар склучи и Гоце Георгиевски. Десното крило во наредните две сезони ќе го носи црвено-црниот дрес.
Георгиевски изминатите три сезони беше играч на ЧСМ Букурешт. Пред неколку дена тој беше избран во тимот на сезоната во Романија.
Првите девет сезони во кариерата (2006-2015) Герогиевски ги мина во Металург, со тимот од Автокоманда шест пати го освоил првенството. Пред да се пресели во Романија една сезона мина во Тулуз.
Георгиевски е петтото засилување за Врадар по Робин Кантегрел, Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и Филип Талески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан испратиле понуда за Бонифејс

Италијанскиот гигант Милан до крајот на преодниот рок ќе донесе уште еден напаѓач, бидејќи во овој момент во тимот има само една класична „деветка“, Сантијаго Хименез.
Изминатите недели со Милан се поврзиваа Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус.
Но како што сега стојат работите, ниту еден од нив нема да пристигне на „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми вечерва објавија дека Милан испратиле официјална понуда до Баер Леверкузен за нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс (24). Според овие извори, Милан за се подготвени да им платат на „аптекарите“ околу 30 милиони евра отштета.
Наводно, челниците на Милан и Бонифејс веќе постигнале договор за платата, а се чека „зелено светло“ од германскиот клуб.
Нигериецот е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Унион Берлин, а пред да дојде во Германија играше и за норвешки Бодо/Глимт, кипарски Лефке и нигериски Реал Сафир. Тој одигра 13 натпревари за нигериската репрезентација.
Спорт
Даглас Луиз се сели во Нотингем Форест

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз (27), треба да го финализира својот трансфер во Нотингем Форест во следните неколку дена, објавија италијанските медиуми.
Бразилецот пристигна во „Старата дама“ пред една година од Астон Вила во трансфер вреден 51 милион евра. Тој помина пет сезони во Вила и постигна 22 гола и додаде 24 асистенции.
Јуве очекуваше многу од Бразилецот, но тој на крајот се покажа како големо разочарување и еден од најлошите трансфери во историјата на славниот клуб од Торино.
Ни Тијаго Мота, ни Игор Тудор не успеаја да го извлечат максимумот од Далглас Луиз.
Иако неговиот договор е важечки до јуни 2029 година, Јуве одлучи дека е најдобро да го продаде додека сè уште може да добие значителна отштета за него. Иако раководството на „Старата дама“ се надеваше на сума од 40 милиони евра, се чини дека ќе се согласат со понудените 30 милиони, тврдат италијанските медиуми.
Даглас Луиз треба да потпише петгодишен договор со „шумарите“, а би имал поголема плата отколку во италијанскиот клуб.
Спорт
Македонија со победа ги заврши мундијалските предквалификации

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа го заврши претквалификацискиот циклус за Светското првенство. Вечерва цо СРЦ Кале во Скопје, Македнија ја победи Унгарија со 82:75. Првата победа, забележана во последното коло, не беше доволна Македонија да влезе во мундијалските квалификации, таму ќе играат Романија и Унгарија.
Македонија одигра добар меч против Унгарците. Со исклучок на воведните минути, Македонија го контролираше натпреварот. По водството на Унгарија (12:15), Македонија одговори со серија од 11:0 и до крајот не го испушти водството.
Во последниот период Македонија ја достигна и највисоката предност од 17 поени (76:59).
Вајле ја предводеше Македонија со 23 поени, по 14 постигнаа Митревски и Ташковски.
Foto/ kfsm.mk