Македонија
Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева
Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот за случајот „Рекет“, тврдејќи дека е невина.
За неа, Камчев е валкан играч, кој не успеал да ја купи со пари. Јанева за обвинителката Вилма Русковска рече „нека пукне“.
„Орце и Ана Камчеви се дно. Тие немаат кредибилитет да се приближат до зградава, а камоли да сведочат. Јас за Камчев лежам во притвор 9 месеци. А каде се парите? Да имаше шеќер на масата, наместо парите, кокаин ли ќе беше? Оној што го шмрка Камчев. Тој сакаше да соработува за другите предмети на СЈО, но е ‘прљав’ играч, злобен, мисли дека сè може да купува… Но мене не, се зафркнал“, рече Јанева.
Јанева смета дека обвинението на Русковска е без никакви докази.
„Обвинението без никакви докази овие два дена го растуривме како баница. Обвинителката Русковска нема анимозитет туку чиста завист и омраза, нека пукне“, искоментира Јанева.
За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, а осуден е Зоран Милески – Кичеец.
Јовановски се товари за перење пари и примање награда за противзаконско влијание, додека Јанева се гони за злоупотреба на службената положба и овластување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

