Македонија
(Видео) Милошоски: Изјавите на обвинетите се основано сомнение за соучество на Заев во „Рекет“
Од она што можеше да се слушне во изјавите од првообвинетиот и второобвинетата се гледа дека обвинителството смислено не ги вештачело целосно нивните телефони, особено на првообвинетиот Бојан Јовановски, затоа што во неговиот телефон, според тврдењата, се наоѓаат докази за комуникација помеѓу него и поранешниот премиер Зоран Заев, за обезбедување на број на пратеници, за влијание врз судството и за рекетирањестопанственици, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваквите изјави сметаме дека треба да бидат третирани како допрен глас за Јавното обвинителство и апелираме Обвинителството за борба против организиран криминал итно да спроведе истрага за можното соучество на Зоран Заев во аферата ‘Рекет’ или можеби неговата улога на налогодавец на целата оваа финансиска афера.
Она што исто така сметам дека во овој случај е битно е дека во телефонот на првообвинетиот во случајот ‘Рекет’ се тврди дека постои СМС-порака од 16 април минатата година каде што господинот бивши премиер Зоран Заев на првообвинетиот му испраќа порака: Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите.
Останува прашањето како дошле доказите за ‘Рекет’ до бившиот премиер Зоран Заев на 16 април минатата година, кога истиот Зоран Заев тврдеше дека пријавата за ‘Рекет’ ја направил на 2 мај? Дали тоа значи дека доказите од обвинителството прво одат на проверка во Владата на СДСМ и кај Зоран Заев, а потоа дури одат во судница?
Сметаме дека доколку е ова точно, скандалозно е и не покренува само сомнение за првообвинетиот Бојан Јовановски во ‘Рекет’, туку остава основано сомнение дека Зоран Заев е соучесник или налогодавец во најголемата криминална афера ‘Рекет’ во изминатите 30 години.
Истовремено апелираме до ЈО освен детално вештачење на мобилниот апарат на првообвинетиот во случајот ‘Рекет’, да се изврши детално вештачење на мобилниот телефонски апарат на тогашниот премиер Зоран Заев, истиот оној телефон преку којшто разговараше со лажниот Порошенко. Тоа би биле нашите апели до ЈО и правосудството и ги повикуваме да дејствуваат поефикасно и неселективно, за да може оваа афера да ја добие нејзината вистинска димензија“, истакна Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

