Топ
Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против коронавирусот.
Според информациите од МВР, вчера, околу 21 часот, било пријавено во полиција дека полициски службеници прават забава во село Куклица, Кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Ковид-19.
„Веднаш се преземени мерки и известен е јавен обвинител по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во селото Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност. Тие биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик, извести Царинската управа.
Сторителот, македонски државјанин, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган.
Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии за накит, велат од Царинската управа и додаваат дека и натаму остануваат посветени на заштита на државните интереси и спречување на сите форми на криумчарење.
Европа
Путин сака да го освои целиот Донбас; Зеленски: Подготвуваат две големи офанзиви на есен

Руските сили подготвуваат уште две големи офанзиви откако три кампањи веќе не успеаја оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Тие се подготвуваат за уште две офанзивни операции на есен. Веќе имаше три, а пред нас се уште две тешки офанзивни кампањи“, рече Зеленски, кој верува дека Русија нема доволно сила за таков потфат.
Russia prepared offensive operations along four main axes this year: Sumy, Novopavlivka, Pokrovsk, and Zaporizhzhia.
The Sumy operation has already failed – Russia suffered heavy losses, especially in manpower, and has redeployed forces to other fronts. Ukrainian Armed Forces…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 17, 2025
Целта на Путин е да го освои целиот Донбас
Изјавите доаѓаат откако Ројтерс објави дека рускиот претседател Владимир Путин им рекол на американските претставници дека сака да го освои целиот регион Донбас во источна Украина до крајот на 2025 година. Според истите извори, Путин верува дека неговите сили „победуваат“, и покрај многу скромните резултати.
Од ноември 2022 година, Москва ја прошири окупираната област за помалку од 1% од украинската територија, иако летната офанзива од 2025 година беше најбрзиот руски напредок од крајот на 2024 година.
Зеленски ги припиша руските неуспеси на големите загуби во човечка сила и опрема: „Тие загубија затоа што имаше многу мртви војници и многу уништена опрема. Она што им го кажав на Европејците и во Белата куќа – Русите нема да успеат да го окупираат нашиот исток“.
Зеленски: На Русите им е многу полошо
Претседателот ги отфрли тврдењата дека Русија би можела да освои градови како Суми во североисточна Украина како „лаги и манипулации“.
Руската војска отвори нов фронт во Сумската област во мај и освои неколку села, но на почетокот на септември Зеленски рече дека офанзивата „целосно запрела“. „Верувам дека на Русите им оди полошо отколку што очекуваа. Им оди многу полошо отколку што му кажуваат на Путин. Тој не знае ништо за тоа“, рече тој.
Според проценка на „Економист“, Русија изгубила околу 31.000 војници помеѓу 1 мај и 9 јули. Генералштабот на Украина тврди дека околу 1.100.000 руски војници се убиени или ранети откако започна инвазијата во февруари 2022 година.
Зеленски во август рече дека на Русија ќе ѝ бидат потребни уште четири години за целосно да го освои Донбас, кој се состои од веќе окупираната Луганска област и делумно окупираната Донецка област.
фото: принтскрин
Македонија
„Влен“: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со ЛЕВИЦА, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќура во првиот круг“, велат од „Влен“.
„Денес, исто како во „соба 161“ кога се откажаа од претседателот на парламентот само за да останат на власт, ДУИ избра да ги здружи силите со Левица за да ги спречи промените.
Овој договор меѓу ДУИ и Левица е јасен доказ дека се отуѓиле и се откажале од секоја потреба на стружани. За Ахмети и неговите емисари, власта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободното гласање.
ДУИ избра да стане партнер на Левица. Но, граѓаните на Струга избраа да бидат партнери во промените. И на 19 октомври, оваа промена ќе се случи. Струга ќе стави крај на ерата на корупција и ќе отвори нов, чист и чесен почеток со Менди Ќира“, се додава во соопштението на „Влен“.