Црна хроника
Малолетник со мотоцикл удрил во полицајка
Седумнаесетгодишно момче од Виница со мотоцикл удрило во полицајка, која му дала знак да запре.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против 17-годишник од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејство.
На 13 мај, на улицата Тодосија Паунов, пријавениот со мотоцикл удрил полициска службеничка, која извршувала службени дејства, односно му дала знак да го запре мотоциклот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно дете исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, полицијата веднаш презела мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.