Македонија
Возен ред на патнички возови за време на полициски час
Од Железници го соопштија планот за сообраќај на патничките возови во услови на ограничено движење со важност од 4.6.2020 година од 00:00 часот до 7.6.2020 до 24:00 часот.
Според планот, в четврток, 4.6.2020 година, возови кои нема да сообраќаат:
o релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
1. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје по возен ред во 16:55 часот.
o релација Скопје – Битола – Скопје:
1. воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот,
2. воз бр. 644 со поаѓање од Битола по возен ред во 18:27 часот, и
3. воз бр. 645 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 20:11 часот.
o релација Скопје – Табановци – Скопје:
1. воз бр. 2024 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 20:00 часот, и
2. воз бр. 2025 со поаѓање од Табановци по возен ред во 21:22 часот.
o релација Скопје – Велес:
1. воз бр. 2083 со поаѓање од Скопје по возен ред во 22:40 часот.
Возот бр. 651 на релација Скопје – Кочани со поаѓање од Скопје во 15:24 часот ќе сообраќа само до Велес.
Понеделник 8.6.2020 година
Возови кои нема да сообраќаат:
o релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
1. воз бр. 630 со поаѓање од Гевгелија во 4:23 часот.
o релација Скопје – Битола – Скопје:
1. воз бр. 640 со поаѓање од Битола во 3:14 часот.
o релација Скопје – Табановци – Скопје:
1. воз бр. 2020 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 3:57 часот, и
2. воз бр. 611 со поаѓање од Табановци во 5:15 часот.
o релација Кочани – Скопје:
1. воз бр. 650 со поаѓање од Кочани по возен ред во 5:26 часот.
• Во понеделник, 8.6.2020, на релација Скопје – Велес, ќе сообраќа ад-хок патнички воз со планирано поаѓање од Скопје во 5:45 часот и пристигнување во Велес во 6:30 часот, (како врска за воз бр. 600 од Велес).
• Во понеделник, 8.6.2020, на релација Велес – Скопје, воз бр. 600 ќе сообраќа со променет возен ред, со задоцнување од +97 мин. и поаѓање од Велес во 6:40 часот.
• Во понеделник, 8.6.2020, воз бр. 600 на релација Скопје – Табановци и воз бр. 611 на релација Скопје – Гевгелија, ќе сообраќаат по возен ред, од станица Скопје.
Возовите на релација Скопје – Кичево – Скопје нема да сообраќаат додека трае забраната за организиран превоз во полошкиот регион.
В петок, сабота и недела патничките возови нема да сообраќаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

