Македонија
Деветнаесет години од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре

Тројцата воени резервисти, битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус, загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.
Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната во Битола, посветен на загинатите бранители, цвеќе положи градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на општина Новаци и претставници од нивниот совет, семејствата на загинатите, припадници на АРМ, Сојузот на борци, припадници на резервниот состав, политичките партии и други лица.
„19 година измина од немилиот настан, чувствата не одминуваат дека нашите сограѓани недостигаат. Ваквите моменти малку повеќе треба да нè отрезнуваат за тоа како се однесуваме и во чувањето на споменот кон нив, меѓутоа и во возвраќањето на долгот кон сите нив, со нашите заложби да го подобриме општеството во коешто живееме. И во оваа пригода изразувам сочувство кон семејствата кои ги загубија тие млади животи за кои нема надоместок, меѓутоа упатувам апел до сите млади да се вградат во нашето општество онака како што треба да се вгради младината и да бидат негови двигатели“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Пред присутните се обрати и Митре Солунчевски од подрачното одделение на Министерството за одбрана во Битола.
„Одделението за одбрана традиционално од 2003 година го одржува овој настан посветен на нашите сожители кои го изгубија животот во 2001 година во извршување борбени задачи во составот на резервниот состав на АРМ. Оваа година поради вонредната состојба ќе има само полагање цвеќе, а нема да се одржи меморијалниот турнир во мал фудбал ‘Влатко, Благојче и Пеце 2001’“, истакна Солунчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
„Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град“, велат од УХМР.
Според најавите, од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.
Во Скопје, утре и во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
ЦУК: Четири активни пожари во Македонија, 2 под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои: 4 се активни, 2 се под контрола, а9 се изгаснати.
Активни пожари: 4
1. Општина Чашка – над Богомила (мешана шума)
2. Општина Куманово – с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани – с. Дречавица (шумски пожар во планински терен)
4. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
Под контрола: 2
1. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино – с. Церово (мешана шума)
Изгаснати се пожарите во Берово, Брвеница, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крушево, Долнени, Струга и Студеничани.
Македонија
(Видео) Избувнаа повеќе нови пожари – „Во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро“, вели Михаилов

Попладнево низ повеќе делови од Македонија се појавија нови пожари, откако претпладне беше стабилизирана состојбата на теренот.
Надлежните институции реагираат со интервенции на копно и од воздух.
Информации објави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.
„Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам!
Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 тина минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража!
Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово!
Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари!
После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми” , екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.
Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и пожарот во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС!
Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите!“, напиша Михаилов на ФБ.