Црна хроника
Пронајдено киднапираното девојче
Полицијата го пронајде шестгодишното девојче Александра кое беше киднапирано и кое и е одземено на мајката пред две години.
Девојчето било најдено во средата вечерта околу 22.30 часот кај Маврови Анови заедно со својата баба. Дедото на девојчето, поранешен врховен судија и неговиот син во средата беа приведени за одземање на малолетник и запуштање и малтретирање на малолетно лице.
Во јули 2011 година додека мајката и девојчето биле во Србија, дошле таткото на девојчето заедно со неговиот татко и брат и со употреба на физичка сила и закани го одзеле девојчето од мајката и го однеле во Македонија.
Бабата и дедото на девојчето заедно со своите синови го криеле девојчето на различни локации во Скопје, иако по разводот со правосилна пресуда и било доделено на мајката.
Откако полицијата добила информации дека малолетното дете се наоѓа на подрачје на Македонски Брод, околу 22.30 ч. од страна на полициските патроли кај населеното место Маврови Анови сопрено е такси возилото во коешто биле малолетното дете и неговата баба. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Починат маж пронајден во Охрид, бил пријавен за исчезнат пред четири дена
На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.
По преземени мерки, вчера е утврдено дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид бил пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.
По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.
Црна хроника
МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
Скопјанка на возраст од 82 години била измамена за 170 илјади денари во уште една измама со лажна сообраќајка.
„На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

