Забава
(Видео) Брус Спрингстин остро ја критикува Белата куќа поради слабиот одговор на полициското насилство
Американскиот музичар Брус Спрингстин ја искористи можноста во радиоемисијата „Сириус XM“, во која беше гостин диџеј, остро да го критикува одговорот на Белата куќа на полициското насилство и пандемијата на коронавирусот.
Седумдесетгодишната рок-sвезда изјави дека САД се во оган и хаос по, како што рече, слабиот и бесчувствителен одговор за починатите од Ковид-19 и расната неправда, објави „Варајети“.
Спрингстин, чии познати хитови се Born To Run и Dancing In The Dark, го почна шоуто со својата протестна песна American Skin.
Песната е за убиството на невооружениот црнец Амаду Дијало, кој беше убиен од четворица бели полицајци со 41 куршум.
Спрингстин овој пат песната ја посвети на Џорџ Флојд, невооружениот црнец, кој почина минатата недела за време на насилното полициско апсење и чија смрт предизвика протести во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels
Забава
Од звук до слика, од сеќавање до хуманост: „Пријателите“ ја оживуваат приказната на Метју Пери
Две години по трагичната смрт на Метју Пери, неговите колеги од култната серија „Пријатели“ повторно покажаа колку нивната поврзаност е силна и надвор од малите екрани. Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Леблан и Лиза Кудроу се обединија во хуманитарна иницијатива со која го чуваат споменот на Пери и ја продолжуваат неговата мисија за помагање на другите.
Во соработка со Фондацијата Метју Пери и Soundwaves Art Foundation, уметникот Тим Вејкфилд создаде серија уметнички дела инспирирани од звучните бранови на препознатливата воведна песна на „Пријатели“, претворени во визуелни мотиви поврзани со ликовите од серијата.
View this post on Instagram
Секој од актерите потпиша ограничен број графики посветени на својот лик, а изработена е и посебна колекција со официјален, релјефен потпис на Метју Пери. Потпишаните примероци се продаваат по цена од 600 долари, а непотпишаните за 100 долари, при што целиот приход е наменет за хуманитарни цели.
Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес во октомври 2023 година, на 54-годишна возраст. Според официјалниот извештај, смртта била несреќен случај поврзан со дејството на кетамин. Пери јавно зборуваше за својата борба со зависноста и за обидите да им помогне на други луѓе со слични проблеми.
Со оваа акција, актерите од „Пријатели“ уште еднаш потсетија на наследството на Метју Пери – не само како актер кој обележа генерации, туку и како човек кој својата лична борба ја претвори во хуманост.
Фото насловна: depositphotos
Забава
(Видео) Несреќа го прекина концертот на Лејди Гага во Сиднеј, танчер падна од сцената
Лејди Гага накратко го прекина концертот во Сиднеј откако еден од нејзините танчери се лизнал и паднал од сцената поради обилниот дожд. Инцидентот се случил за време на вториот концерт од сиднејскиот дел на светската турнеја The Mayhem Ball.
„Застанете, застанете! Имавме несреќа на сцената“, извикала пејачката додека танчерот паѓал од бината.
Lady Gaga had to interrupt the last show in Sydney because her dancer Michael slipped and fell off the stage due to the rain. She is currently taking a short break to allow her dance crew to find shoes with better grip. The show should resume soon. pic.twitter.com/HWpUlYDMDf
— LⱯDY GⱯGⱯ NOW🪞 (@ladygaganownet) December 13, 2025
Настапот бил прекинат само околу пет минути, по што концертот продолжил, а публиката во меѓувреме ја бодрела Гага, додека останатите танчери чекале сигнал дека е безбедно да се продолжи.
Турнејата The Mayhem Ball се одржува по повод осмиот студиски албум на Лејди Гага – Mayhem, објавен во март 2025 година, и означува нејзино враќање на големите арени. Турнејата започна во јули 2025 во Лас Вегас, а треба да заврши во април 2026 година во Њујорк.

