Спорт
Аталанта ќе го откупи договорот на Пашалиќ

Фудбалскиот клуб Аталанта ќе го откупи договорот на хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ. Фудбалерот роден во мајнц е играч на Челси, тој последните две сезони ги игра во Аталанта.
Пашалиќ одлично се снајде во Аталанта, сезонава постигнал седум гола и забележал седум асистенции на 32 одиграни натпревари.
Клубот од Бергемо договорот на Пашалиќ ќе го откупи за 15.000.000 евра.
Во кариерата репрезентативецот на Хрвтака играл во Хајдук, Елче, Монако, Милан и Спартак Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Руне и повредата посилни од Алкараз
Данскиот тенисер Холгер Руне ја освои титулата на турнирот од серијата 500 во Барселона.
Руне стигна до петтиот трофеј во кариерата откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 7:6 (6), 6:2.
Алкараз, победникот во 2022 и 2023 година, го мачеше и повреда на мускулот на десната нога, поради која не можеше да биде на ниво, особено во вториот сет.
Првиот сет беше драматичен, Руне најпрво ја надополни негативата од брејк, а потоа пропушти две сет-токи, пред да го материјализира петтата во тај-брејкот.
Алкараз побара медицински тајм-аут во средината на вториот сет, Руне потоа направи брејк, па уште еден и ги реши дилемите околу победникот.
Алкараз се држеше до крајот, но практично статираше на теренот.
По овој пораз Алкараз од утре ќе падне на втората позиција на АТП листата.
Спорт
(Видео) Болоња во 94.минута му пресуди на Интер

Фудбалерите на Болоња го победија Интер (1:0) во 33.коло во Серија А.
На овој расплет најмногу се радува Наполи, кој сега има ист број бодови како „нероаѕурите“, со подобра гол-разлика тимот од Милано, бидејќи скорот меѓу нив е изедначен.
Уморен од Лигата на шампионите, Интер потклекна во четвртата, последна минута од судиското надополнување.
Рикардо Орсолини акробатски ја зафати топката со левата нога по центаршут и го совлада Јан Сомер.
Болоња освои важни бодови на „Ренато Дал’Ара“ против актуелниот шампион и моментално е четврта со 60 бодови, што е бод повеќе од Јувентус, кој допрва треба да гостува во Парма во понеделник.
Во следното коло Интер ја пречекува Рома, додека Болоња ќе гостува кај Удинезе.
Спорт
(Видео) Челзи во финишот го скрши Фулам, Вулвс славеа на „Олд Трафорд“

Челси на „Крајвен Котиџ“, во финишот успеа да го совлада Фулам со 2.1 и да остане во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Фулам поведе во 20 минута кога Алекс Ивоби на асистенција на Рајан Сесењон го совлада голманот на Челзи.
И пред тоа Фулам постигна гол, но истиот беше поништен бидејќи Андреас Переира беше во офсајд.
Фулам предноста ја чуваше до 84. минута, кога Тајрик Џорџ со деби голот за Челси го изедначи резултатот.
Голот на Педро Нето во 94. минута му донесе победа на Челзи. Португалецот одлично се снајде и со перфектен удар ја „скина“ мрежата.
По оваа победа, Челзи скокна на петтото место, кое носи пласман во Лигата на шампионите, додека Фулам е на деветтото место со девет бода помалку од соседите од Лондон.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед немаа концентрација и сила да пружат идентичен отпор на натпреварот против Вулверхемптон по епскиот пресврт против Лион во Лигата на Европа.
„Волците“ ја искористија анемичната домашна екипа и успеаја да си заминат од Олд Трафорд со сите три бода.
Херој на тимот на Витор Переира беше Пабло Сарабија, кој од слободен удар во 77. минута од натпреварот го совлада Андреа Онана.
Вулверхемптон е во невидена резултатска серија, ова беше дури петти триумф во низа и со тоа се изедначија во поредокот со „црвените ѓаволи“ на 14. место со 38 бодови.
Можност за продолжување на оваа серија ќе имаат во следното коло кога ривал ќе им биде веќе оплаканиот Лестер.
Леандро Тросар го предводеше Арсенал до победа. „Топџиите“ славеа кај Ипсвич со 4:0 Белгиецот го отвори резултатот во 14.минута, потоа погоди Мартинели.Во вториот дел од натпреварот видовме уште еден гол на Тросар, а конечниот резултат го постави Нванери.