Македонија
СДСМ: Мицкоски мора да се соочи со кривична одговорност за серијата сериозни дела сторени на улица „Боемска“
Лицемерниот Христијан Мицкоски, од една страна на граѓаните се обидува да им продаде лажна загриженост за здравјето, а од друга страна вели дека не ги знае протоколите за однесување за време на коронакризата, соопшти СДСМ.
„Мицкоски од континуиран непочитувач на мерките за заштита од Ковид 19, кои ги прекрши со одење во затворена теретана, групно качување на Водно, сега со „тајната вечера“ на Боемска стана и сторител на кривични дела.
Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно и не го намалува кривичното дело.
Вториот момент за кривично дело е дека инспектори, службени лица се спречени во извршување на својата службена должност и 2 часа не биле пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Христијан Мицкоски со неговото друштво, и тоа е кривично дело.
Ова не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во неговото прекршување на мерките и неговата одбрана сторени се серија тешки дела кои мора да добијат разрешница.
Сега, судот врз основа доказите и кривичните пријави, ќе каже која е казната што треба да ја плати Христијан Мицкоски за неговото неодговорно однесување кон здравјето и животот на граѓаните.
Мицкоски, дека заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше и судија и полиција и сама пресудуваше и пишуваше казни“ порачаа од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

