Македонија
ДУИ ги повика сите албански партии и албански граѓани за избор на албански премиер

Демократската Унија за Интеграција смета дека Охридскиот договор се спроведува, Албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците сега предводат најмногу позиции од било кога, клучни позиции како судии во Врховен и Уставен суд, министри во клучни министерства, Претседател на Собрание и многу други.
„ Но сепак, поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста, Албанците се соочуваат со потешкотии во работните места, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда.
Затоа, ова не поттикна да го преземеме следниот чекор, за да ги тргнеме и последните потешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме прв Албански премиер во Северна Македонија.
Постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија и секогаш обединети се боревме за заедничките цели. Како за време на војната така и за време на кризата. Сега е време пак да се обединиме за целта која е поважна од сите партии
и поважна од секоја личност. Заедно, со обединети гласови на Албанците, на секој од нас, но и на другите, ова можеме да го постигнеме.
ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за Албански Престедател на Владата. Сега е време сите заедно да ја пишуваме нашата историјата, сега е време да продолжиме до потполна рамноправност. Но, исто така, време е и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за Албански премиер?
ДУИ ги поканува сите албански партии да и се приклучат на оваа инициатива и заедно, да се договорат за следниот Премиер Албанец на Северна Македонија. Со Албански Премиер, Албанците за прв пат во историјата ќе раководат со извршната власт и ќе ја преземат таа одговорност. За прв пат, премиерот под еднакво ќе биде на сите граѓани. Премиер за рамноправност и едниство: за еднакви работни места, за еднаква плата, за еднакви права и за неселективна правда. За Албанците и за сите граѓани во државата.
Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност“ додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).