Спорт
Дивац и Стојаковиќ меѓу протестантите во Сакраменто

Повеќе од 20.000 граѓани на калифорниската престолнина Сакраменто беа дел од саботниот протест со поддршка за „Black Lives Matter“ движењето по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, а меѓу протестантите беа и првите луѓе и кошаркарите на Сакраменто кингс.
На протестот беше и генералниот менаџер Владе Дивац, неговиот сонародник Предраг Стојаковиќ, додека говор имаше кошаркарот Херисон Барнс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Незабележан интерес во Дортмунд за гостувањето на Барселона

Огромен е интересот кај навивачите на Борусија Дортмунд за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.
Првиот меч е закажан за среда, на 9. април, во Барселона, а реваншот е шест дена подоцна на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.
Клубот од Дортмунд објави дека досега присмил повеќе од 300.000 барања за билети, но на многумина тоа задоволство ќе им биде одбиено.
Капацитетот на стадионот на Борусија Дортмунд е 81.365 гледачи, што значи дека лесно би можеле да распродадат четири стадиони.
Борусија најави дека поради огромниот интерес билетите ќе ги дели преку ждрепка.
За потсетување, минатата сезона Дортмунд играше во финалето на Лигата на шампионите и загуби на „Вембли“ од Реал Мадрид (2:0).
Спорт
Меншик урна неколку рекорди па му порача на Ѓоковиќ: Почнав да играм тенис поради тебе, ти си најдобриот во историјата

Јакуб Меншик го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Мајами со 7:6, 7:6. 19-годишниот Чех ја освои најголемата титула во кариерата и во исто време го спречи Ѓоковиќ да го подигне 100. трофеј во кариерата.
Меншик кој не крие дека Ѓоковиеќ е негов идол, е вториот тенисер кој не бил меѓу најдобрите 50, а успеал да го победи Србинот во финале на еден турнир.
Пред него тоа му успеа само на Стен Вавринка (69) во 2006 година во мечот за трофеј во Умаг.
„Новак, сите знаат дека ти си причината поради која сум тука. Те гледав додека растев. Почнав да играм тенис поради тебе. Нема потешка задача за тенисер од тоа да те победи во финален меч. Ти благодарам за се што направи за овој спорт и за секој од нас. Ти си неверојатна личност – најдобар на сите времиња”, рече Меншик.
Јакуб Меншик стана првиот играч од воведувањето на овој формат во 1990 година кој ја освоил Мастерс титулата со освојување на седум или повеќе тајбрејкови во текот на турнирот. Тој, исто така, стана вториот играч, по Мајкл Ченг (Торонто 1990), кој е надвор од Топ 20, а успеал да освои Мастерс титула.
Како 54-ти тенисер во светот стана најслабо рангираниот кој триумфирал во Мајами.
Меншик, по победата во Мајами, скокна 30 позиции и сега е 24. тенисер во светот на најновата АТП ранг листа.
Спорт
(Видео) Паника во Сити – Ерлинг Халанд на патерици

Најдобриот стрелец на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на ФА купот, стадионот „Виталити“ во Бормут го напуштил со помош на патерици.
Норвежанецот промаши пенал во 14. минута, а потоа погоди во 49. минута. Се повреди по еден час игра. Го повреди скочниот зглоб на посилната, лева нога, поради што е ногата му е во лонгета и мора да оди со помош на патерици.
BREAKING: Erling Haaland left Bournemouth with his left foot/ankle in a protective boot following the injury sustained in the second-half.
🎥 TikTok: celebstarclips pic.twitter.com/DNB2H8phyh
— City Xtra (@City_Xtra) March 30, 2025
Се уште не е познато колку долго ќе биде надвор од терените. Сити победи и се пласираше во полуфиналето благодарение на голот на Мармуш, кој го замени Халанд и го реши натпреварот по само две минути од влегивањето на теренот.
Сити во полуфиналето ќе игра против Нотингем Форест. Во второто полуфинале ривали се Кристал Палас и Астон Вила.