Свет
Мадуро: Кина, Русија, Иран и Куба се нашите вистински пријатели
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, е убеден дека Русија, Кина, Иран и Куба ѝ се вистински пријатели на земјата затоа што му даваат сесрдна помош на Каракас.
„Хуманитарната помош доаѓа од Кина, Русија, Иран и од Куба. Тие се наши вистински пријатели“, рече Мадуро во видеообраќање до нацијата потенцирајќи дека САД ветиле помош во висина од 20 милиони долари, но не дале ништо.
Кризата во Венецуела почна во јануари 2019 година кога лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, се прогласи за вистински претседател на државата на протестот во Каракас и кога го признаа неколку земји на чело со САД. Тој потег Мадуро го прогласи за обид за државен удар, поттикнат од Вашингтон, поради што тој ги прекина дипломатските врски со САД.
Мадуро беше поддржан од Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор, Сирија, Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.