Вести
Вашингтон не се согласува со оцените на Лавров дека ги штити џихадистите
Американскиот Стејт департмент не се согласува со изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека САД се обидуваат да ја спасат екстремната сунитска групација Џебхат ан-Нусра која е на листата терористички џихадистички организации на Обединетите нации, изјави во петокот вечерта портпаролот на американската дипломатија, Марк Тонер.
Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за британскиот јавен сервис BBC изјави дека Москва не ја исклучува можноста дека намерите на САД во моменталните состојби во Сирија се состојат во тоа да ги искористи џихадистичките терористи во рамките на неаков „план Б“ во борбата против сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Според Лавров, „во рамките на Меѓународната група за поддршка на Сирија, САД се обврзаа да влијаат опозицијата (којашто ја сметат умерена и ја поддржуваат – з.р.) да се дистанцира од екстремните исламистички групи, и досега не успеаја да го остварат тоа“.
Истана дека оттаму Москва има „сé повеќе и повеќе поводи да сметаме дека од самиот почетокот нивниот план се состои во тоа да се поштеди Џебхат ан-Нусра од воздушните удари и таа да се остави за секој случај за некоја идна фаза, за ’планот Б’, кога ќе дојде време да се смени од власт“ на Башар ал-Асад.
„Ги видов тие изјави. Тоа ме натера да занишам со главата. Не знам за што тој зборува. Тоа е апсурдно“ ја коментираше изјавата на Лавров, портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.
Русија и претходно ги обвинуваше САД дека не го исполнуваат своето ветување за дистанцирање на сунитската вооружена опозиција од исламистичките екстремисти и оти никогаш не преземале воздушни удари против Џебхат ан-Нусра, којашто во јули го промени името во Џабхат Фатех ал-Шам, наводно откажувајќи се од хиерархиската поврзаност со Ал Каеда, иако дотогаш се декларираше како нејзино сириско крило.
Оваа групација под контрола има значајни територии токму во северната сириска покраина Алепо, во којашто сириската војска помогната од руската авијација презема офанзива, на која со закани за прекин на соработката одговори Вашингтон./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.