Македонија
Видеосредба на Димитров со словенечкиот колега за последиците од пандемијата
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари видеосредба со министерот за надворешни работи на Република Словенија, Анже Логар. Димитров се заблагодари за континуираната и безрезервна поддршка на Словенија во процесот на интеграцијата во Европската Унија, како и во процесот и на веќе оствареното членство во НАТО. Согледани беа можностите и следните чекори по одлуката за започнување пристапни преговори од март, а Димитров изрази благодарност за најавите од словенечка страна дека проширувањето на ЕУ со земјите од нашиот регион ќе биде високо меѓу приоритетите за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година.
Министрите разменија мислења за севкупните билатерални односи кои се карактеризираат со интензивна динамика и тенденција за нивно продлабочување и збогатување со нови содржини во сите области од заемен интерес.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните состојби во двете земји во врска со справувањето со пандемијата Ковид-19, искуства во процесот на справување со оваа тешка здравствената криза, како и за економските последици од истата. Притоа, изразена беше волја за натамошна соработка и координација на активностите и справувањето со пандемијата, а министерот Димитров упати благодарност за донацијата со медицинска опрема која Владата на Словенија ѝ ја додели на земјава.
Од страна на словенечкиот министер беше нагласено дека одлуките во поглед на мерките кои важат при влез во Словенија на лица од трети земји ги носат исклучиво врз основа на епидемиолошката слика, која се следи на дневна основа. Следствено изрази уверување дека последната одлука во однос на потребата од изолација при влез во Словенија на лица кои патуваат од Северна Македонија, би се променила веднаш штом дојде до промена во позитивна насока, за што изрази желба да се случи што поскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

