Спорт
Европскиот шампион Шустов доби четиригодишна суспензија
Рускиот скокач во височина, Александер Шустов, освојувач на европската титула во 2010 година, доби четиригодишна допинг-суспензија, потврди Руската атлетска федерација.
Шустов, кој се повлече од спортот во 2017 година, е казнет до 2024 поради „користење или обид за користење на недозволени супстанции или методи“, потврди Судот за арбитража во спортот (ЦАС).
Резултатите на Шустов од јули 2013 до јули 2017, период во кој имаше петто место на Светското првенство во Москва во 2013 година, се поништени.
Руската атлетска федерација пак, останува суспендирана од 2015 година по извештајот на Светската анти-допинг агенција за систематско допингување. ИААФ уште ги нема вратено на натпреварувањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Белгија ја запиша првата победа на ЕП
Фудбалската репрезентација на Белгија ја победи Романија во последниот натпревар од деветтиот ден на ЕП. Во Е групата Белгија победи со 2:0 (1:0). По две кола, сите селекции во Е групата имаат по три бода.
Белгија поведе по само 73 секунди игра. Стрелец беше Тилеманс, со најбрзиот гол на Белгија на големите натпреварувања.
Следеа шанси за Белгија, која доминираше, но Ница блескаше на голот на Романија. Свои шанси имаше и Романија, но и Кастелс беше располошен на голот на Белгија.
Романците поагресивно влегоа во вториот дел. Имаа две пристојни шанси во првите десет минути, но не извлекоа ништо корисно од тоа.
Пото Белгија повторно ја презеде контролата. Во еговиот гол го поништи ВАР поради офсајд.
Дилемите околу победникот ги реши Кевин де Брујне во 80.минута.
Гол-разликата ги држи Романците на првото место, а потоа следат Белгија, Словачка и Украина.
Во третото коло од групата Е се среќаваат Словачка и Романија и Украина и Белгија. Тие натпревари се закажани за среда на 26 јуни од 18 часот.
Спорт
Капитенот на Реал се сели во Саудиска Арабија
Начо Фернандез (34) по 23 години го напушта Реал, кариерата че ја продолжи во Ал Кадсија.
Фабрицио Романо објави дека поранешниот капитен на Реал веќе ги поминал лекарските прегледи и ќе потпише договор за саудискиот клуб на две години.
Начо пристигнал во Реал во 2001 година од АД Комплутенсе на 11-годишна возраст. Како сениор со Реал ги освои сите значајни клупски трофеи, шест пати ја освои Лигата на шампионите.
Спорт
(Фото) Поради селфиња со Роналдо четири пати во прекин беше натпреварот Португалија-Турција
Португалија без проблеми се справи со Турција во второто коло од групата Ф на ЕП. Португалија победи со 3:0 и го обезбеди првото место во Ф групата.
Покрај одличната игра на Португалија, комичниот автогол на Ајкадин, натпреварот во Дортмунд го одбележа и неверојатно лошата организација на службата за обезбедување.
Четири пати во текот на натпреварот, навивачи влегуваа на теренот за да дојдат до Кристијано Роналдо и да направат селфи со него.
Секако, според правилата на УЕФА, секој од тие упади не беа прикажани во ТВ пренос, но според реакциите од трибините, навивачите беа лути поради егзибициите на оние кои во второто полувреме постојано го прекинуваа натпреварот со што го нарушуваа ритамот на натпреварот.
Што се однесува до стјуардите, тие имаа малку трпение во првите три упади, но во последниот применија сила и грубо го изведоа натрапникот надвор од стадионот.