Црна хроника
Масакрирана Албанка која работела во Македонија

Во близина на патот кај граничниот премин Ќафасан – Подградец пронајдено е масакрирано тело на жена која била убиена со удари по главата со камен, информираше албанската полиција.
Телото го нашол овчар, а истото било целосно соблечено. Идентификацијата е извршена брзо според тетоважите кои биле забалежани на телото.
Албанските медиуми, кои се повикуваат на полицијата, јавија дека станува збор за Фатјона Орења (26) години, од селото Оренја, Либражд.
Исто така идентификувано е и лицето кое го извршило масакрот, но неговото име не е објавено поради истражни дејствија.
Дел на медиумите во Албанија нагласуваат дека 26 годишната жена по разводот со нејзиниот сопруг од кој има две деца, работела во некои кафеани во Македонија.
Истите извори сметаат дека трагедијата се случила пред два дена, откако таа била протерана од Македонија, и во моментот кога се враќала за Албанија преку граничниот премин, „Ќафасан“ со такси./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.