Контакт

Вести

Талибаните оценија дека борбената мисија на НАТО во Авганистан е „пораз“

Објавено пред

Авганистанските талибани во понеделникот ја нарекоа борбената мисија на НАТО предводена од САД „пораз“ и „разочарување“ за меѓународната коалиција ден по одбележувањето на 13-годишнината од инвазијата со којашто беше соборен талибанскиот режим во Кабул, а кое според арапските медиуми минало без свечена церемонија на одбележува на завршувањето на борбената мисија во услови на стравување од напади на радикалните исламисти.

dobivaj vesti na viber

Борбените сили на НАТО од мисијата за Меѓународна поддршка на безбедноста на Авганистан (ИСАФ) во неделата го спуштија знамето, како увод во новата мисија „Решителна поддршка“ со 13.500, од кои 10.800 американски припадници, за помош и оспособување на авганистанските безбедносни сили којашто треба да започне на 1-ви јануари 2015 година, а во која Македонија ќе учествува со 38 припадници на своите вооружени сили – АРМ.

„Ја сметаме оваа етапа за јасна индикација за нивниот пораз и за нивните разочарувања. САД, нивните сојузници, како и сите арогантни меѓународни организации претрпеа очигледен пораз во оваа асиметрична војна“, се истакнува во соопштението на англиски јазик коешто авганистанските талибани го испратија до агенциите во кое се додава и обвинувањето дека силите на НАТО земјата ја довеле до „крвопролевање“.

Авганистанските талибани кои во текот на советската интервенција ја имаа поддршката на Вашингтон, власта во Кабул ја преземаа во 1996 година а беа соборени со западната интервенција кон крајот на 2001 година, под обвинување за давање засолниште на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда која ја презема одговорноста за терористичките напади врз САД од 11-ти септември истата година. Талибаните тринаесет години се борат против силите на меѓународните сили и безбедносните сили на авганистанските власти.

Во текот на годината на завршување на борбената мисија на меѓународната коалиција талибаните ги интензивираа нападите. Во надеж дека ќе ја стабилизира земјата во моментот кога НАТО се повлекува од земјата, новиот авганистански претседате Ашраф Гани ги повика талибаните на мировни преговори, но овие го добиваат дијалогот со Кабул.

Според податоците на Обединетите нации судирот во Авганистан е на точката на надминување на 10.000 цивилни жртви, вкупно ранети и убиени во 2014 година. До крајот на ноември годинава, загинале 3.188 цивил а 6.429 се ранети, се наведува во годишниот извештај на силите на ОН во Авганистан – UNAMA.

Бројот на ранетите жени и деца се зголемил за 14, односно за 33 отсто. Моменталните процени говорат дека до крајот на 2014 година комбинираниот број на цивилните жртви на годишно ниво првпат ќе надмине 10.000 откако UNAMA собира статистички податоци“, се наведува во соопштението на ОН во кое се истакнува дека во тековната година е регистриран и рекорден број на терористички напади.

Во однос на минатата 2013 година, оваа бројка претставува пораст за 19 отсто. Досега најголемиот број регистрирани цивилни жртви изнесуваше 3.133 луѓе во 2011 година.

Обединетите нации започнаа да ги следат податоците за цивилните жртви во 2009 година, и досега вкупно се регистрирани 17.252 смртни случаи и 29.536 ранети цивили.

Во периодот кога американските и меѓународните сили го објавија крајот на борбените мисии и ги започнаа подготовките за повлекување од Авганистан до крајот на годинава, рекорден број жртви забележаа и националните безбедносни сили, армијата и полицијата, со повеќе од 4.600 жртви.

Воената кампања на САД со своите 13 години траење стана најдолгата во историјата на земјата, оценува ресурсот Think Progress направи пресек на показателите преку кои прави процена на степенот на оваа војна.

Така, според порталот во вкрстен или ткн пријателски оган, во експлозии на гранати, бомбашки напади, убиства, бомбардирања и ноќни рации во домови загинале 21.000 авганистански цивили.

Во текот на тринаесетгодишните борбени дејствија загинале 2.224 американски и повеќе од илјада странски војници, според Associated Press. Во текот на операцијата „Трајна слобода“ биле ранети 17.674 американски војници, според специјализираниот ресурс за следење на жртвите во војните во Авганистан и во Ирак – iCasualties.org.

Во изминатиот период САД на авганистанските безбедносни сили им доставиле 747.000 единици вооружување. Според експертите консултирани од Think Progress, поголемиот дел од доставеното вооружување, исчезнало и би можело да дојде во посед на талибаните. Најголемата присутност на американски војници во оваа земја изнесувала 140.000 во текот на 2010 година

Се проценува, исто така, дека Вашингтон потрошил 34 милиони американски долари за обезбедување на нови земјоделски култури како грав и соја за авганистанските земјоделци./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија2 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија4 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија4 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија4 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија5 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија5 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет7 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет8 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет8 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија22 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија23 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија24 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија1 ден

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион1 ден

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија1 ден

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија1 ден

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет1 ден

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...