Свет
СЗО: Асимптоматските случаи ретко го шират новиот коронавирус
СЗО излезе со најнови сознанија за потенцијалната опасност за јавното здравје од луѓето штосе инфицирани од коронавирусот, но немаат никакви симптоми.
„Луѓето што немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата“, вели епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија ван Керх.
Според неа, ретки се случаите кога асимптоматските луѓе всушност го шират вирусот понатаму.
„Тоа на што ние сакаме натаму да се фокусираме е следењето на случаите со симптоми. Да ги следиме сите симптоматски случаи затоа што знаеме дека ова е респираторен патоген. Се шири од човек на човек преку заразни капки. Ако, всушност, ги следиме сите случаи со симптоми, ги изолираме тие случаи, ги следиме контактите и ги ставаме во карантин, драстично ќе ги намалиме случаите“, додаде таа.
Некои луѓе, особено младите и здравите, кои се заразени од Ковид-19, всушност и никогаш не развиваат симптоми или, пак, имаат многу благи симптоми. Според неа, владите треба да се фокусираат и да се ангажираат на пациенти со симптоми – да ги детектираат и изолираат наспроти асимтоматските, кои не претставуваат опасност.
Ван Керх истакна дека СЗО добива извештаи од држави кои детаљно ги следат контактите на заразените, вклучително и асимптоматски случаии, и тие држави не откриле дека пренесувањето продолжува со таквите случаи. Таа повтори дека вирусот се шири преку капки што се ослободуваат кога некој кашла или кива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Чамец со туристи потона во Бледското езеро во Словенија
На езерото Блед во Словенија, кое секоја година го посетуваат голем број посетители од просторот на поранешна Југославија и околните земји, вчера за малку ќе се случеше трагедија кога, според словенечките медиуми, потона чамец со четворица туристи.
За среќа, тие биле спасени од смрт со брзата реакција на пожарникарите и нуркачите.
„Во 11 часот и 20 минути потона туристички чамец со четворица туристи на Бледското езеро кај вилата Златорог во Блед“, соопшти полицијата на Горење, а јави познатиот словенечки портал siol.net.
Свет
(Видео) Големи поплави во Авганистан, бројот на загинати расте
Три авганистански провинции се погодени од разорни поплави, соопштија денеска властите, додавајќи дека најмалку 153 лица загинале.
Провинцијата Баглан го сноси најголемиот дел од катастрофата. Официјалните лица се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека има најмалку 153 загинати, а уште 100 лица се повредени.
Официјални лица во соседната провинција Тахару објавија повеќе од 20 смртни случаи, додека провинцијата Бадакшан потврди два смртни случаи и две исчезнати лица. Поплавите предизвикаа уништување на имотот и земјоделството во сите погодени подрачја.
#Afganistan’ın kuzeybatısında bulunan Bağlan vilayetinde şiddetli yağışlar nedeniyle meydana gelen sel felaketinde, 5 yerleşim yeri sular altında kaldı.
⚫️ İlk belirlemelere göre en az 33 can kaybı yaşanırken, 60 kişi yaralandı. pic.twitter.com/5gNEJKW2BK
— Afroasya Today (@afroasyatoday) May 10, 2024
Авганистанското Министерство за здравство во соопштение потврди дека телата на жртвите се пренесени во регионалните болници, но ги нагласи тековните напори за утврдување на точниот број на жртви, бидејќи размерите на човечките загуби остануваат нејасни.
Спасувањето е отежнато поради непристапноста на погодените подрачја. Испраќањето на копнени спасувачки тимови се покажа неуспешно, што го натера авганистанското Министерство за одбрана да распореди хеликоптери за операции за пребарување и спасување, како и за транспорт на потенцијални жртви.
Жителите на Баглан ги окарактеризираа поплавите како поголеми од сите претходни.
Авганистан веќе некое време постојано е зафатен од поплави. На почетокот на неделата имаше загинати и разурнувања во делови од земјата по обилните врнежи. Најмалку 70 луѓе ги загубија животите во поплавите минатиот месец.
Експертите ја обвинуваат климатската криза. По децении војни и конфликти, земјата едвај има средства да ги ублажи ефектите од климатските промени.
Свет
Руското Министерство за одбрана тврди: Руската армија презеде контрола над пет населени места во регионот Харков
Руската армија ја презеде контролата врз населбите Борисовка, Огурцово, Плетенјовка, Пиља и Стрелечја во областа Харков, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Армиските единици од групата ‘Север’ ги ослободија населените места како резултат на акциите“, соопшти Министерството, пренесува „РИА Новости“.
Дополнително, се додава дека руската единица поразила четири украински бригади.
„Загубите на непријателот во еден ден изнесуваат 170 војници, три оклопни борбени возила и четири други возила“, нагласуваат од руското Министерство за одбрана.
Исто така, армијата уништила неколку парчиња украинско тешко оружје, посочува Москва.
Украинската страна не ги коментираше овие наводи.
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека продолжуваат одбранбените битки во регионот Харков против обидите на руските сили да извршат офанзивни акции и да напредуваат подлабоко на територијата на Украина.
Руските сили вчераутро се обиделе да ја пробијат одбранбената линија на украинската армија во областа Харков, а биле испратени резервни единици за зајакнување на одбраната во тој сектор на фронтот, наведува Униан.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека руските трупи се обиделе да ги прошират операциите против Украина во регионот Харков.
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, синоќа до Зеленски поднесе извештај за состојбата на фронтот, одбраната и зајакнувањето на позициите, особено во регионот Харков и во правец на Часово Јар.