Свет
СЗО: Луѓето се најзаразни кога ќе почнат да се чувствуваат лошо

Луѓето кои се позитивни на коронавирус се најзаразни во моментот кога првпат ќе почнат да се чувствуваат лошо, покажуваат студиите на експертите од Светската здравствена организација.
Токму поради тоа што луѓето се најзаразни пред првите симптоми, тешко е да се контролира вирусот, но е можно да се спречи негово ширење преку ригорозни тестирања и физичка дистанца, објаснуваат експертите.
„Со многу ограничени информации кои сега ги имаме, се чини дека луѓето имаат најголем количина на вирус во телото пред избивање на симптомите или кога почнуваат да ги развиваат“, рекла Марија ван Керков, епидемиолог во СЗО.
Прелиминарните студии спроведени во Германија и САД покажуваат дека луѓето со благи симптоми можат да бидат заразни осум до девет дена, а оние со потешки симптоми и многу подолго, додала таа.
Некои експерти ја доведоа во прашање нејзината изјава дека луѓето кои немаат симптоми на коронавирус многу ретко можат да заразат други, нагласувајќи дека таквите насоки би можеле да бидат проблематични. Таа, сепак, појаснила, дека некои луѓе не развиваат симптоми, но сепак можат да заразат други луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.