Македонија
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Тони отпад се фрла на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и на „Вардариште“

Секој ден тони отпад се фрла на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и на „Вардариште“, а Шилегов не презема ништо, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука, наведуваат дека Скопје е најзагадениот главен град во Европа.
„Со пасивноста на Шилегов и непреземањето конкретни активности се ризикува еколошка бомба во Скопје во ситуација кога главниот град е веќе најпогоден од корона-заразата. Во некои од депониите, како што е ‘Вардариште’, не само што е нем посматрач туку Град Скопје е и активен учесник во создавањето на депонијата. Фотографиите што ги објавуваме се фрапантни и вчудовидувачки, говорат за негрижата на Град Скопје, комуналните инспектори и пасивноста на Министерството за животна средина и просторно планирање. Град Скопје мора да се откаже од дивата претоварна станица ‘Вардариште’ и да санкционира диви депонии на само неколку километри од центарот на градот. Тажната слика за Скопје се дивите депонии ‘Вардариште’, Визбегово, во близина на Шуто Оризари, и Ново Село во Ѓорче Петров“, велат од советничката група.
Според нив, Шилегов го ризикува здравјето на скопјани со својот пасивен однос кон овие депонии, кои често се запалени, испуштаат токсични материи и се еколошка бомба во градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: Слободата на медиумите се доведува во опасност секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт

Само шест месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година беа доволни за Македонија да падне за шест места на Индексот за слобода на медиумите. Со падот од 36 на 42 место во Индексот за слобода на медиумите, државата е на последно место од земјите со „задоволителна“ состојба, со тенденција да се спушти помеѓу државите со „проблематична“ состојба во медиумите, велат од Левица.
„Во индексот на Репортери без граници се наведува дека „владините функционери имаат тенденција на лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, како и работа на новинарите во лошо и непријателско опкружување. Состојба, која потсетува на односот на државата кон медиумите од времето на груевизмот, кога државата беше најлошо рангирана на овој индекс помеѓу европските земји. Како сериозен удар врз објективното новинарство е наведен законот со којшто „повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание“. Закон, што Левица го блокираше амандмански, но широката коалиција го заобиколи и искористувајќи ја алатката „европско знаменце“ донесе класичен анти-европски закон, којшто е основна причина за пристрасно и провладино однесување на одредени медиуми“, се наведува во соопштението.
Слободата на новинарите и медиумите, велат од Левица, е неопходна за развој на едно здраво и демократско општество.
„Капиталистичкиот систем каде политичката и бизнис елитата функционираат во симбиоза, медиумите и новинарството се подредени на нивните интереси. Поради егзистенционална закана (зависност), објективното и слободно информирање е негова прва жртва. Доведувањето во ваква положба на медиумите е алатка на ВМРО-ДПМНЕ преку која обезбедува загушување на секоја критика кон нивното режимско владеење“, пишува во соопштението.
Македонија
Герасимовски: Центар го поедностави уписот за првачиња, постапката по електронски пат

Општина Центар ги информира родителите на идните првачиња дека постапката за упис во прво одделение е поедноставена и целосно дигитализирана.
Преку веб-страницата на Општината (www.centar.gov.mk), секој родител може брзо и лесно да провери во кое основно училиште припаѓа неговото дете и веднаш да поднесе апликација за запишување.
Со пристап до делот „Урбанизам“ и избор на ГИС порталот, потребно е корисникот да се регистрира, а потоа преку категоријата „Реонизација на училишта“ да ја внесе својата точна адреса. Системот автоматски ја прикажува информацијата за надлежното училиште и нуди линк до електронската пријава за упис. Во случај адресата да не биде автоматски пронајдена, постои можност да се постави точка на мапата и со клик на опцијата „Побарај по локација“ да се добијат истите информации.
„Запишувањето во прво одделение никогаш не било полесно. За само неколку минути, родителите можат да проверат кое е нивното училиште и да ја поднесат електронската апликација. Нашата цел е родителите да се чувствуваат сигурно и поддржано, а децата да го започнат своето образование со позитивно искуство уште од првиот чекор. Продолжуваме да инвестираме во дигитализација, транспарентност и модерни услуги кои навистина го олеснуваат животот“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Со оваа дигитална алатка, Општина Центар, велат од таму, го олеснува процесот на запишување во прво одделение, овозможувајќи родителите со неколку клика да го започнат еден од најважните чекори во образованието на нивните деца.
Македонија
Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето не донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест.
„Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме полицискиот протест на кој бараме ,,Минималец за полицаецот”, истакнуваат од синдикатот.
Бараме да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку минималната плата. Бараме воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови. Вработените во полицијата не се службеници од втор ред. Законите не може да важат за полицијата само кога треба да нѐ казнуваат“.
Како што нагласуваат, Независниот синдикат на полицијата, не е синдикат за паради, ниту синдикат за фотељи. НСП, додаваат, е независниот и искрен глас на полицаецот.
„Секој што ја облекол униформата со чест, треба да стои рамо до рамо со своите колеги.
Ова не е само протест – ова е борба за достоинството на полицијата кое поради нашата индиферентност го загубивме“.
Ги повикуваат и сите останати синдикати кои се претставуваат како полициски, да соберат храброст и јавно да ги поддржат.
„Оваа борба не е за функции и не е само наша, ова е борба за достоинство на вработените во МВР, шумската, судската и затворската полиција. Не излегувај за нас, излези за себе и повикај ги колегите. Молчењето не донесе под минималецот“.
Протестот според најавите е на 12.05.2025 со почеток во 12.00 часот пред судовите во Скопје -раскрсница Мавровка.