Црна хроника
И го украле накитот додека се подготвувала да го исчисти
Триесет ипетгодишна жена била нападната во куќа во селото Градец, при што и бил украден златен накит вреден околу 700.000 денари.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во сабота вечер, кога Н.Х. се спремала за свадба и го извадила златниот накит да го исчисти, во еден момент во кујната влегле две непознати лица, маскирани и со ракавици на рацете, по што едно лице ја фатило за врат и и ја затворило устата, а другото лице го зело накитот кој бил во тепсија на креветот.
Оштетената се обидела да се спротистави, но едно од лицата извадило предмет кој личел на нож со кој и нанело гребаници на левата рака, како и модринка на левото рамо. Потоа влечејќи ја за коса, ја однеле во ходникот, каде оштетената на влезната врата забележала уште едно лице. Едно од лицата притоа од врат и ја одзело златната огрлица, но при напуштање на лице место огрлицата им паднала во ходникот.
Гостиварсаката полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

