Црна хроника
Разбојници во Велешко под закана со пиштол ограбиле мигранти од Авганистан

Двајца мигранти од Авганистан во вечерните часови на 9 јуни во велешката полиција пријавиле дека две лица ги нападнале и им одзеле пари.
Според пријавеното, додека мигрантите се движеле по автопатот кон Србија, во близина на велешкото село Каласлари, едно од лицата им понудило да ги одвезе до граница за сума од 200 евра и тие прифатиле.
Кога Авганистанците влегле во возилото, дошло уште едено лице и по кратко возење застанале и физички ги нападнале, по што им се заканиле со пиштол и им ги одзеле парите.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени тројца студенти од Турција во Скопје, нападнале и ограбиле таксист

Полицијата уапси тројца студенти од Турција за физички напад врз таксист.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројцата од Република Турција- студенти со регулиран привремен престој во земјава, поради сторено кривично дело „разбојништво“.
На 3 мај во 23.40 часот во СВР Скопје И.Р.К.(54) од Скопје пријави дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, физички го нападнале, а еден од нив му одзел мобилен телефон, по што избегале.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје преземаа соодветни мерки и активности и трите лица се пронајдени и лишени од слобода, а пронајден е и телефонот и вратен на сопственикот. Против О.А.Б., К.И. и Е.Х.Б. до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.237 ст.4 од КЗ.
Црна хроника
Претседателот на ФК „Слога“ нападнал фудбалер на ФК „Карбинци“

Инцидент се случил вчера на градскиот стадион во Виница.
Според информациите на МВР, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријавил во полиција дека околу 15 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападнат од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“.
Додека траел инцидентот, комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држел затворена вратата за влез на другите фудбалери од екипата на ФК „Карбинци“.
Во врска со настанот, во полициска станица е извршен службен разговор со Д.М. и Н.К.. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле девојче во Аеродром

Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле 13-годишно девојче во Аеродром.
Според информациите на МВР, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на 03.05.2025 околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи.
За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.