Македонија
(Видео) Дуковски: Власта потфрли по сите параметри во борбата против короната

Надлежните потфрлија по основ на сите параметри, меѓу кои ефикасноста на спроведени мерки, откривањето заразени и бројката на спроведените тестирања, изјави Душко Дуковски од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија е со најлоши резултати во регионот, но и во светот, во борбата против Ковид-19. Имаме најмногу заболени на милион жители, имаме најмногу починати на милион жители. Од ден на ден се зголемува и бројката на новозаболени медицински лица. Површноста на надлежните нè доведе во оваа ситуација. Дополнително, нè убедуваат дека вирусот слабее, сè е под контрола, ова е т.н. новата нормалност. Нормалност е кога постои контрола врз епидемијата и кога има стратегија за справување со коронавирусот, тогаш можеме да кажеме дека има нормалност“, рече Дуковски.
Тој потсети тоа што го нарекувале пик пред два месеца изнесувало 30 новозаболени и еден или двајца починати дневно, а денес има трицифрени бројки на новозаразени и удвоен е бројот на починати.
„Цената на површноста и неспособноста е голема. Здравјето на граѓаните е приоритет. Одговорност мора да има“, рече Дуковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат делови од Центар и Карпош.
· Поради дефект на затварач од ф 80мм на ул. Владимир Полежановски бр.1, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останатдел корисниците од ул. Владимир Полежановски (општина Центар);
· Поради водоводен дефект од ф 80мм на ул. Дане Крапчев бр.21 во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останатдел корисниците од ул. Дебарца, Дане Крапчев,Славка Недиќ. (општина Центар);
· Поради водоводен приклучок на ф 100 мм на ул Женевска. бр, 35 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Женевска и ул. Бањалучка, од 09:30ч до завршување со работните обврски. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево

Утрото ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степенi.
Во наредните денови следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.
Македонија
Сарај, Кисела Вода и Зелениково денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:30 до 11:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на с.Рашче на влезот и кај долната Џамија (Општина Сарај);
· Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул.Ивам Хаџиниколов,во потегот од бр.11 до бр.33 (Општина Кисела Вода);
· Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од Страхојадица, Ново Село, дел од с.Зелениково, Смесница, Пакошево (Општина Зелениково);
· Во периодот од 11:00 до 15:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел корисниците на с,Рашче кај школото и пат за с.Копаница (Општина Сарај).