Вести
Египет на границата со Газа воспостави тампон зона

Египет во средата на границата со палестинската енклава Појасот Газа воспостави тампон зона, присилувајќи неколку десетици семејства да ја напуштат областа северно полуостровот Синај откако минатиот петок во самоубиствен напад врз конвој на египетската армија беа убиени повеќе од 30 војници, објавија владата во Каиро.
Египет во средата на границата со палестинската енклава Појасот Газа воспостави тампон зона, присилувајќи неколку десетици семејства да ја напуштат областа северно полуостровот Синај откако минатиот петок во самоубиствен напад врз конвој на египетската армија беа убиени повеќе од 30 војници, објавија владата во Каиро.
По нападот кој е најсмртоносниот врз египетските воени сили откако во февруари 2011-та беше соборен деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак, и особено откако во јуни 2013 година армијата го отстрани од претседателската должност првиот избран челник на Египет исламистот Мохамед Морси, сегашниот претседател генералто Абдел Фатах ал-Сиси, поранешен челник на Врховниот совет на вооружените сили на Египет, вети жесток одговор на заканата за земјата од џихадистите. Ал-Сиси најави дека во пограничната област меѓу неговата земја и Појасот Газа ќе бидат преземени многу мерки за да се искорени проблемот.
Каиро има намера да воспостави тампон зона широка 500 метри и долга околу 10 километри по должината на границата со Газа, при што треба да се отстранат околу 800 домови сместени на таа територија. Египет се сомнева дека палестински активисти многу помагаат во зачестените напади коишто ги извршуваат џихадистите по соборувањето на Морси од власта. Воените власт од своја страна го забрзаа уништувањето на тунелите кои водат кон Газа, тврдејќи дека преку нив се пренесува оружјето за радикалните исламисти кои дејствуваат на Синај.
По нападот од петокот, за кој инаку досега никој не ја презема одговорноста, египетските власти во делот северно од Синај воведоа тримесечна вонредна состојба, и го затворија граничниот премин Рафах, единствениот премин кон Појасот Газа кој не е под контрола на Израел.
Одговорноста за сé поголем број напади последните месеци во Египет ја преземаат џихадистичките организации тврдејќи дека станува збор за одмазда поради репресивните мерки кон припадниците на Муслиманското братство по отстранувањето на Морси во чиишто протести од летото 2013 година загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а челниците ма движењето се соочуваат со долги затворски казни. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.