Македонија
Инсталации со фискални сметки и фактури во Штип поради неодговорното однесување за заштита од Ковид-19
Во текот на денешниот ден Штип арт-активистите спроведоа уште една акција поврзана со неодговорното однесување на работодавците, превозниците, работниците и институциите.
„Преку оваа акција сакавме да ја потенцираме неодговорноста и непочитувањето на насоките и мерките за заштита дадени од Светската здравствена организација и Кризниот штаб поради што станавме сведоци на ширењето на заразата со Ковид-19 и на неможноста да се заштитат граѓаните на општина Штип и околината. Сакаме да пренесеме порака дека неодговорното однесување си има своја цена и тоа е претставено преку банерот што е поврзан со претходната акција. Претходно, во автобусите се возеа суперхероите на Штип, но денеска тие се полупразни бидејќи во нив се ширеше заразата предизвикана од коронавирусот. Автобусите сега, наместо супер херои, превезуваат вируси на Ковид-19“, велат активистите.

Пред текстилните фабрики, Општина Штип, плоштадот Слобода и пред градскиот пазар се поставени инсталации со фискални сметки, фактури и парагон-блокови, на кои ги има податоците со бројот на заразени и мерките што беа прекршувани како показател дека неодговорното однесување и непочитувањето на мерките резултира со зголемен број заразени, дијагностицирани, хоспитализирани и починати.
„Апелираме до сите граѓани, работодавци, превозници и институции, да ги почитуваат мерките, да бидеме сите одговорни, солидарни, на висина на задачата и да го заштитиме колективното здравје во нашиот Штип“, порачуваат активистите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

