Свет
Откриен идентитетот на тинејџерката што го сними убиството на Џорџ Флојд

Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд е вест што се прошири во целиот свет.
Се брзина на светлината се споделуваше снимката на која се гледа полицискиот службеник Дерек Човин како клекнува врз вратот на жртвата, но малку е познато дека видеото е направено од тинејџерка.
Дарнела Фрејзер (17) шетала со својата деветгодишна братучетка кога застанала пред киоск за брза храна во Минеаполис, а потоа видела четворица полицајци како извлекуваат Афроамериканец од автомобил.
„Таа не знаела дека ќе биде сведок и ќе документира еден важен настан во американската историја, убиство од страна на полицијата. Да не беше нејзината храброст, трезвеност и волја да го објави видеото, сите четворица полицајци и натаму ќе беа на улица и, веројатно, ќе тероризираа и други членови на нашата заедница“, изјавил нејзиниот правен застапник, Сет Кобин.
Дарнела воопшто не ни помислила дека видеото што ќе го направи ќе го обиколи целиот свет и ќе предизвика масовни протести, пренесува „Дејли мејл“.
Кобин нагласил дека таа на сакала да биде херој, туку дека е само тинејџерка, ученичка, која постапила на вистинскиот начин во конкретна ситуација.
„Таа е Роза Паркс на својата генерација“, додал тој.
Дарнела само еднаш говореше во јавност по објавувањето на видеото.
Тогаш таа рече дека светот мора да го види она што таа го видела со своите очи бидејќи такви испади се случуваат многу често.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше издадено и во Индонезија по земјотресот.
Досега е пријавен еден смртен случај. Една жена загина кога ограда паднала врз неа.
Филипинската сеизмолошка агенција издаде предупредување за цунами, советувајќи ги жителите во блиските крајбрежни области да се евакуираат на повисоки места или подалеку во внатрешноста.
Агенцијата Фиволкс предупреди на штети и последователни потреси по силниот земјотрес на море, кој се случи на длабочина од 10 км во водите покрај градот Манај во Давао Ориентал во регионот Минданао на Филипините.
Фиволкс изјави дека во следните два часа може да се очекуваат бранови повисоки од еден метар над нормалната плима.
Индонезија издаде предупредување за цунами за северните региони Сулавеси и Папуа по земјотресот на Филипините, соопшти геофизичката агенција на Индонезија, предвидувајќи ризик од бранови високи до 50 см што ќе го погодат брегот на Индонезија.
Свет
(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица.
Украинската министерка за енергетика, Свитлана Гринчук, изјави дека руските сили напаѓаат енергетски објекти, чии работници се обидуваат да ги намалат ефектите од нападот.
‼️Right now, Russia is launching another massive attack on Ukraine's energy infrastructure.
Emergency crews are on high alert and will begin repairs as soon as it is safe.
— Svitlana Grynchuk (@s_grynchuk) October 9, 2025
„Експертите за енергетика ги преземаат сите потребни мерки за да ги намалат негативните последици. Штом безбедносните услови дозволат, тие почнуваат да вршат санациски работи“, напиша Гринчук на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Nine injured CIVILIANS following a massive russian terrorist attack on Kyiv😔!Residential buildings were damaged, apartments and cars caught fire and many are now without electricity!Soon on any European street near you,judging by the cowardice of our chosen ones @IntlCrimCourt pic.twitter.com/cj4Pji4pT1
— Clown (@DanaSLJL) October 10, 2025
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека осум лица се повредени, од кои пет се во болница и дека градот останал без електрична енергија.
Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, објави дека украинската престолнина била нападната од руски беспилотни летала и ракети по полноќ.
‼️🇺🇦🏴☠Kiev is without power!!!!
WE have now reached PEAK POWER DESTRUCTION!!There are water supply interruptions throughout the capital of Ukraine.
The video shows a blackout on the right and left banks in Kiev after a massive attack on the thermal power plant.
▪️Due to… https://t.co/0TDuWpBF8o pic.twitter.com/KV5sAkKTgU
— 𝐃𝐚𝐯𝐢𝐝 𝐙 🇷🇺 🇷🇺 (@SMO_VZ) October 10, 2025
Ткаченко рече дека дронот запалил станови на 6-тиот и 7-миот кат од облакодер во централниот Печерски округ и дека нема извештаи за жртви.
Сликите објавени на интернет покажуваат станови во пламен додека пожарникарите заземаат позиции за да интервенираат.
Во југоисточниот град Запорожје, беспилотните летала погодија неколку цели, при што беа повредени три лица и предизвикаа најмалку еден пожар во станбена зграда, рече регионалниот гувернер.
Фото: принтскрин
Свет
Израелскиот парламент осветлен во боите на американското знаме

Зградата на израелскиот парламент, Кнесетот, е осветлена во црвена, бела и сина боја во чест на очекуваната посета на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според јавниот радиодифузен сервис Кан, Трамп треба да слета во Израел во недела во 15 часот. Кнесетот ќе остане осветлен во боите на американското знаме до крајот на посетата на Трамп, објави портпаролот на Кнесетот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно го поканил Трамп да се обрати пред Кнесетот за време на телефонскиот разговор вчера. Останува нејасно дали Трамп го прифатил барањето.
Израелската влада го ратификуваше примирјето со палестинската милитантна група Хамас, отворајќи го патот за прекин на непријателствата во Газа во рок од 24 часа и ослободување на израелските заложници држени таму во рок од 72 часа потоа.
Трамп објави дека може да отпатува во регионот во недела за евентуално да присуствува на церемонијата на потпишување на мировниот договор во Египет. Договорот доби поддршка од арапските и западните земји и беше широко прикажан како големо дипломатско достигнување од страна на Трамп.