Македонија
Заев: Лицата во изолација и заразените може да гласаат од дома или во болница
Нема можност за трета лидерска средба, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но има уште два дена до истекот на вонредната состојба за да се направат евентуални промени во Изборниот законик.
Тој објасни дека со здравствените протоколи е предвидено лицата во самоизолација да гласаат заедно со болните и изнемоштените лица ден пред изборите, а избирачките тимови да ги посетуваат дома. Во однос на заболените од коронавирус, Заев рече дека се размислува да се состават здравствени избирачки одбори, кои би ги посетиле инфицираните дома или во болница.
„Овој пат, според здравствените протоколи што се работат и се предадени од МЗ на ДИК, работи и ИФЕС, кој работи често на изборите за здравствените протоколи, и по нив е предвидено проширувањето на протоколите на болните и изнемоштените лица што гласаат во сабота. Во такви околности тоа значи дека, покрај редовно пријавените болни и изнемоштени луѓе, таа листа би се проширила со луѓето што се во самоизолација. Јас би апелирал, тоа е одлука на ДИК или на Комисијата за заразни болести – листата да се прошири со хронично болните луѓе бидејќи не мора да ризикуваме кога тимови на избирачкиот одбор да ги посетат дома. Би препорачал и знам дека се размислува за тоа да има здравствени избирачки одбори. Во градовите секаде имаме болници каде што би имало избирачки одбори составени од здравствени работници што би ги посетиле позитивните на коронавирусот, односно луѓе што се дома или во болница, доколку одлучат да го искористат правото на глас“, рече Заев.
За измени на Изборниот законик, лидерот на СДСМ рече дека е потребен консензус, па, оттука, останува неизвесно дали ќе биде продолжено времето на гласање, но и дали болните и изнемоштените, како и лицата во самоизолација, ќе гласаат два дена пред изборите, како и продолжување на изборниот молк.
„Кога постоеше канал за комуникација, имав можност да разговарам со Мицкоски и другите политички партии. Генерално, сите беа позитивни за среда да бидат изборите. Тоа е затоа што е неработен ден, може да се продолжи гласањето до 21 часот, летен период е, можеме слободно плус два часа, би ги платиле повеќе членовите на избирачките одбори и би имале повеќе работно време во текот на избирачкиот ден. Молкот би траел два дена во таков случај, би им дале можност на болните и изнемоштените со проширени листи да гласаат. Но, тоа во случај ако се постигне договор меѓу политичките партии, кој, за жал, гледам дека уште го нема, затоа што промената на изборниот закон и недела да се направи среда за гласање, а сабота да се направи понеделник и вторник за болните и изнемоштените, не треба Владата сама да прави промени во такви делови на Изборниот законик затоа што за вакви работи се постигал консензус. Ова може да се оствари со консензус. Доколку нема, недела останува изборен ден“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

