Свет
Полицајци во Чикаго дремеле и си правеле кафе додека демонстрантите го пустошеле градот

Неколку полицајци од Чикаго дремеле и си правеле кафе и пуканки стоејќи настрана од немирите во локалната конгресна канцеларија додека ограбувачите ја пустошеле јужната страна од градот, пренесува „Чикаго трибјун“.
Републиканецот Боби Раш изјави дека најмалку осум полицајци и супервизори се сместиле во неговата канцеларија додека грабежите, кои произлегоа од протестите за убиството на Џорџ Флојд, во голема мера биле неконтролирани.
„Еден полицаец спиеше на мојот кауч во канцеларијата“, рече Раш на прес-конференција. „Тие дури и имаа смелост да си направат кафе и пуканки, од моите пуканки, во микробрановата додека ограбувачите уништуваа бизниси пред нивните очи“, додаде тој.
Раш рече дека ги фатил полицајците на дело кога добил повик дека неговите канцеларии се провлаени и ги проверил снимките од безбедносните камери. Тој рече дека е шокиран од она што го видел.
„Тие се релаксираа и не се грижеа што се случува со бизнисите во градот. Апсолутно, не им беше гајле“, рече тој.
Тој го пријавил инцидентот кај градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут, која била бесна.
„Ова е личен срам за мене“, рече таа и јавно му се извини на Раш. „Жал ми е што вие и вашиот персонал моравте да се справите со овој неверојатен срам. Ниту еден од овие полицајци нема да смее да се крие зад значката и да продолжи да работи како ништо да не се случило“, рече таа.
Лајтфут ги повика полицајците да се пријават и рече дека секторот за внатрешна контрола на одделот ќе го разгледа инцидентот, а истрага ќе има и во канцеларијата на државниот јавен обвинител.
Раш, своевремен кандидат за градоначалник, е во Конгресот од 1963 година. Тој е основачки член на партијата Илиноис блек пантер. Извештајот за криење на полицијата во неговата канцеларија доаѓа во време кога полицијата во градот е под жестоки критики за несоодветното справување со протестите по смртта на Флојд на 25 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полицијата пронајде 20 тела и пет човечки глави на автопат во Мексико

Дваесет тела, некои обезглавени, беа пронајдени на мост на автопат во дел од Мексико каде што се борат фракции на нарко-картелот Синалоа, соопштија вчера мексиканските власти, објави Си-би-ес Њуз.
Четири обезглавени тела беа пронајдени покрај патот, додека 16 тела беа откриени во напуштено возило, соопшти канцеларијата на државниот обвинител на државата Синалоа. Пет човечки глави беа пронајдени во торба на местото на злосторството.
Сите тела имаа прострелни рани, соопштија обвинителите.
Локалните медиуми објавија дека четири обезглавени тела биле обесени наопаку од мост – вообичаена тактика на криминалните банди – но немаше официјална потврда. Властите изјавија дека на телата им е оставена порака, наводно од една од фракциите на картелот, но содржината на пораката не беше веднаш објавена.
Фелисијано Кастро, портпарол на владата на Синалоа, вчера го осуди бранот насилство и рече дека властите мора да ја преиспитаат својата стратегија за борба против организираниот криминал со оглед на „размерот“ на сегашното насилство. „Воените и полициските сили работат заедно за да го вратат целосниот мир во Синалоа“, рече Кастро.
Европа
Млад човек упадна во компанија во Германија: уби едно лице со нож и тешко повреди уште двајца

Дваесет и едногодишен маж избодел тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата.
Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.
Според „Билд“, вработениот починал откако претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Осомничениот, 21-годишен германски државјанин, е уапсен, потврди портпаролот на полицијата. Сè уште не е јасно каква е неговата поврзаност со компанијата или кој би можел да биде неговиот мотив за нападот.
„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата.
Свет
(Видео) Украински напад врз Донецк и Луганск

Во текот на ноќта украинските сили извршија серија напади врз цели во регионите Луганск и Донецк.
„Гори руска логистика во привремено окупираниот Луганск“, објави Андриј Коваленко, раководител на украинскиот центар за сузбивање дезинформации. Нападот со беспилотни летала беше објавен и од локалните медиуми, кои објавија снимки од зградата што гори.
У тимчасово окупованому Луганську палає логістика росіян після атаки дронів – Коваленкоhttps://t.co/N2hSRLynqR pic.twitter.com/r8Fk9iuzQX
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) June 30, 2025
Леонид Пасечник, раководител на руските окупациски власти во Луганската област, објави дека воздушната одбрана соборила 35 од 40-те беспилотни летала над Луганската област. Тој потврди дека остатоците од дронот паднале врз складиштето за нафта. Додаде дека една жена е повредена.
Во текот на ноќта украински напади беа забележани и во окупираниот Донецк. Каналите на „Телеграм“ споделуваат снимки од оштетени згради и пожари во градот. Денис Пушилин, раководител на руските окупациски власти во регионот Донецк, објави дека едно лице е убиено, а тројца се повредени во нападот.
👀 Donetsk, the first minutes after the strike! pic.twitter.com/towuke411s
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) June 30, 2025
Украинскиот информативен канал „Супернова+“ објави дека нападот бил насочен кон седиштето на руската 8. комбинирана армија. Украинската војска не ги коментира тврдењата, кои не можеа да бидат независно потврдени.